Smart Euro Trip | Прага, Берлин, Амстердам, Брисел

Smart Euro Trip | Прага, Берлин, Амстердам, Брисел

Сместување 15.04. - 25.04.
Hotel259€

Уште 551 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-59Days -7Hours -33Minutes -10Seconds


Опис на дестинацијата и фотографии

Студентска екскурзија

ЕКСКУРЗИЈА – на латински excursio, што значи излет, кратко патување, патување заради забава. Нашите родители целиот живот ни зборуваат дека студентските денови се најубави денови. Но, нажалост поради колоквиумите, испитните рокови, семинарските работи тие денови може да бидат права агонија. Меѓутоа, тие ситни препреки се работи кои брзо ги забораваме. Ќе ги потиснат сите оние убави дешавки кои ќе се случат во текот на студирањето, а тоа се дружбите, патувањата, журките, кафаните и секако многуте непреспиени ноќи. Немој да дозволиш макотрпното студирање да ти остане единствена работа на која ќе се сеќаваш, затоа што една диплома нема да ти ја врати изгубената младост. Може ова ти е последна прилика да тргнеш во незаборавна авантура со луѓето кои ги познаваш. Колку и да сакаш такви авантури едноставно не се случуваат понатака во животот, бидејќи влегуваш во некои нови епизоди од животот, во кои ќе имаш други преокупации и проблеми. Колку пати ќе имаш прилика да заиграш на крузер кој крстари по Медитеранот?

Студентската екскурзија е една од најубавите работи кои ќе го доживееш во текот на студирањето. Ти пружаме можност да ги посетиш некои од најпознатите градови во Европа, да дишеш со полна плуќа додека крстариш по Медитеранот и да ја осетиш топлината на Шпанија во Љорет. Максимално ќе се потрудиме за твоите потреби и желби, бидејќи и сами од порано сме почнале да ја креираме екскурзијата со желба засекогаш да останеме позитивни како во студентските денови.

Оваа година сме похрабри за некои работи. Одлучивме да патуваш по студентски цени.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Автобуски превоз на горенаведената релација со високотуристички автобус
  • 1 ноќевања со поајдок во Хотел со 2*/3* во Прага
  • 1 ноќевање во Хотел со 2*/3* во Берлин
  • 2 ноќевања во Хотел со 2*/3* во Амстердам
  • 1 ноќевање со појадок во Хотел со 2*/3* во Лидо ди Јесоло
  • Водичи според програмата и пратител на групата за време на целото патување
  • Организација и водство на патувањетo
  • Напомена: Сместувањето е во повеќекреветни соби.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 500 денари
  • Доплата за 1/2 соба во Прага, Берлин, Амстердам и Лидо ди Јесоло од 50 евра
  • Факултативни излети и влезници
  • Трансфер со брод до Венеција
  • Индивидуални трошоци на патникот.
Програма за патувања

1 Ден / СКОПЈЕ – Србија – Унгарија – Австрија:

Поаѓање  пред спортски центар Борис Трајковски во предпладневните часoви во договор со групата.  Патување преку гр.премин Табановце,  Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

2 Ден / ВИЕНА – ПРАГА:         

Утринско будење и панорамско разгледување на Виена, проминентниот град на големите класици кој ќе ве поведе низ историјата преку своите најразновидни, барокни, класични сè до модерни градби: палатата  Belvedere, Karlsplatz, Ringstrasse,  плоштадот Maria Theresien Platz,  дворецот Hofburg, улицата Graben, катедралата St. Stephan, Burgtheater, виенскиот универзитет… Слободно време за индивидуални активности и вкусување на некој  традиционалeн австриски специјалитет. Патувањето продолжува кон Прага. Пристигнување во вечерните часови, сместување во хотел. Следи незаборавна Welcome party во еден од познатите прашки клубови. Ноќевање.

3 Ден / ПРАГА – БЕРЛИН:

Појадок. Предпладневно разгледување на Прага: Прашкиот дворец Hradcany, катедрлата St. Vito, Мала Страна,  Карловиот мост, Староградскиот плоштад со астрономскиот часовник Орлој, Тинска црква, старата општинска зграда, плоштадот Вацлав… Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Пакување во автобус  патување кон Берлин-главниот град на Република Германија. Пристигнување во ноќните часови, сместување во хотел. Ноќевање.

4 Ден / БЕРЛИН – АМСТЕРДАМ:

Предпладневно разгледување на седиштето на германската држава: Potsdamer Platz, Sony center, остатоците од Берлинскиот зид, Checkpoint Charlie, Берлинската и Француската катедрала, концертната сала, Bebelplatz, Универзитетот, библиотеката, Branderburger Tor i Pariser Platz, Reichstag glass Dom, шопинг улицата Friedrichstrasse, главната шетачка улица Unter den Linden…Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови  заминување кон Амстердам. Ноќно возење.

5 Ден / АМСТЕРДАМ:

Утринско будење и разгледување на  Амстердам: посета на една од најпознатите светски брусилници на дијаманти Costers  Diamonds,  Rijksmuseum , Van Gogh музејот,  посета на музејот Heineken, кулата Munt, Leidseplein- центар на ноќниот живот во Амстердам, Rembrantplein, плоштадот Dam со кралската палата и музејот Madame Tussauds, улицата  Damrak, центарот на ноќните дами Red light district… По времето за слободни активности заминување кон хотел и сместување. Во вечерните часови посета на некој од амстердамските клубови и уживање во амбиентот на европскиот Север. Ноќевање.

6 Ден / АМСТЕРДАМ:

Утринско будење и разгледување на  Амстердам: посета на една од најпознатите светски брусилници на дијаманти Costers  Diamonds,  Rijksmuseum , Van Gogh музејот,  посета на музејот Heineken, кулата Munt, Leidseplein- центар на ноќниот живот во Амстердам, Rembrantplein, плоштадот Dam со кралската палата и музејот Madame Tussauds, улицата  Damrak, центарот на ноќните дами Red light district… По времето за слободни активности заминување кон хотел и сместување. Во вечерните часови посета на некој од амстердамските клубови и уживање во амбиентот на европскиот Север. Ноќевање.

7 Ден / АМСТЕРДАМ – БРИСЕЛ – МИНХЕН: 

Напуштање на хотелот. Тргнување кон Брисел-главниот град на Белгија. Разглед на административниот центар на Европската Унија каде се наоѓаат Европскиот Парламент, Советот на Европската Унија, Кралската палата, Катедралата, Атомиумот – неверојатното архитектонско дело изградено за светската изложба Expo, фонтаната Манекен Пис… Препорачуваме посета на една од познатите работилници – фабрики на прочуените белгиски чоколади. Слободно попладне и можност за организирана посета на ресторан или индивидуални активности. На полноќ се упатуваме кон Минхен.

8 Ден / МИНХЕН-Лидо Ди Јесоло:

Пристигнување во Минхен во претпладневните часови. Слободно време за разгледување на градот: Национална опера и театар, галеријата на новата и стара Pinakothek, главниот плоштад Marienplac со старата и новата општинска зграда и прочуениот Glockenspiel, пазарот Viktualienmartk… По обиколката, слободно време за прошетка и индивидуални активности. Тргнување кон Италија-Лидо Ди Јесоло. Ноќно возење.

9 Ден / Лидо Ди Јесоло:

Пристигнување во Лидо, сместување во хотел. Запознавање со местотот, слободно време за индивидуални активности и прошетки. Вечерта можност за забава. Ноќевање.

10 Ден / Лидо Ди Јесоло – ВЕНЕЦИЈА – Италија – Словенија – Хрватска – Србија:

Пристигнување во Punta Sabbioni во претпладневните часови, од каде со брод се заминува на  прошетка и разглед низ Венеција: Дуждевата Палата, плоштадот и базиликата San Marco, Венецијанските столбови, каналот Grande, мостот Rialto, Santa Maria della Salute, мостот на воздишките... Уживајте во градот и незаборавните доживувања на Casanova…

Попладне, состанок на групата и заминување кон Македонија. Возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

11 ден / Македонија – СКОПЈЕ: 

Пристигнување во пладневните часови

Пријава, плаќање и напомена

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 2000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

ХОЛАНДСКА ТУРА

Посета на автентичното холандско село Zaanse-Schans, старата фабрика за рачна изработка на кломпи, музејот на сирење Zaanse – каде што можете бесплатно да ги дегустирате најпознатите домашни сирења. Го посетувате волшебниот Volendam, некогашната престолнина и најважното пристаниште на Холандија. Прошетка по стариот кеј и слободно време за уживање во сендивичите со морски плодови и харинга, како и слатката вафла со овошни преливи.

Heineken Experience

Прочуената пиваријата… безброј соби со неверојатни анимации, пунктови за дегустација на пиво… модерни документарни проекции кои ќе ве запознаат со историјата на најдобрата пиваријата во светот.. производството, дистибуцијата и маркетинг- коцептот на овај Холандски гигант. Ќе можете да го изгравирате и Вашето име на пивско шише.. незаборавно доживување, кое не смеете да го пропуштите.

ДИСКО ПРАГА

Број еден град за ноќен живот. Ве водиме во најдобрите дискотеки во Прага. Едноставно не смее да се пропушти доживувањето на дискотеките со познатите ди-џеи.

Понуда на неделата