Сицилија | Лето 2018

Сицилија | Лето 2018

СместувањеТип на сместување27.06. - 10.07.06.07. - 19.07.15.07. - 28.07.24.07. - 06.08.
Hotel Kennedy 3*


1/4 со појадок - мини апартман
1/3 со појадок
1/3 со појадок - мини апартман
1/3 со појадок - со поглед на море
1/2 со појадок
1/2 со појадок – со поглед на море
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
340€
350€
360€
370€
380€
390€
325€
325€
325€
325€
325€
325€

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-142Денови -4Часови -58Минути -9Секунди


Опис на дестинацијата и фотографии

СИЦИЛИЈА

Сицилија – е во изминатите година една од најпожелните европски дестинации. Доколку го имате гледано филмското остварување, кое според критичарите е еден од најдобрите филмови на сите времиња, Сицилија одма ќе Ве асоцира на филмот Кум (Тhe Godfather). Овој мегахит, во режија на Frenis Ford Kopole, му донел на островот вртоглава популарност, но секако во филмот преставил мал дел од тоа што самиот остров го нуди.

Овој бисер на јужна Италија ќе Ве одушеви и со природата, долгите обали и морето, со читавата палета на бои и со фактот дека овде животот буклвално е на работ на вулканот.

Морето за Сицилијанците, покрај нивните семејства и верата, им значи се. Тоа им носи бура и убаво време, но и риби и морски плодови. Приморските места се мали, се нижат едно по друго, и секое место си има своја привлечност. Некое од тие места Ви нуди бисерно бели плажи, а одма после тоа почнуваат црни вулкански карпи, па повторно песок, и повторно лава. Некои од најубавите плажи се наоѓаат на Липарските острови на северот од Сицилија. Тука може да видите црни плажи, настанати како последица од богатата вулканска активност. На Липар, најголемо меѓу островите, се наоѓаат сребрено сиви каменести плажи. На копното, најчисти бели плажи може да се најдат околу Рагуза на југот.

Espresso, тестенините, љубовните драми, сосетските кавги и гламурозните прослави се стилот на живеење на овој остров. На Сицилија не се прати модата како во Рим и Милано, но затоа се јаде најдобрати тестенини, се прават највкусните канелони, се пие бадемово вино, се ужива во сонцето и морето.

SANT’ ALESSIO SICULO

Sant’ Alessio Siculo постанала примамлива туристичка дестинација, благодарејќи на песочните плажи и на огромниот туристички развој, како и на објектите кои се изградени во последните неколку години. На југот наизменично има гребени и езера, а заливот Сало е идеално живеалиште за квалитетна риба, посебно за школки. Градот и понатака го задржува своето посебно историско и архитектонско значење. Но Sant’ Allesio Siculo има и свои популарни легенди. Најпопуларна е легендата за Plutonic која раскажува за богаството скриено под земја, кое е настанато од постоењето на пештера. Дури и пиратските активности во тоа време, придонеле да се формираат такви легенди за ова место.

Со чисто и свежо море, Sant’ Alessio Siculo ќе влијае на комплетното ваше доживување за летото на овие плажи, каде сонцето пече, но не гори, во директен контакт со остатоците на древната прошлост и модерните земји, оваа дестинација се стреми да постане респектабилно место меѓу најпознатите туристички дестинации.

РИМ

Рим е главен град на Италија со околу 3.000.000 жители. Испирирани од неговата богата историја, хроничарите го нарекуваат уште и “престолнина на светот” (caput mundi), “вечен град” (la citta eternal), “град на седум ридови” (la citta dei sete colli) или “апостолски праг” (limen apostolarum). Оваа метропола во своја закрила ја чува и најмалата град-држава на светот, суверената територија на Светата столица – Ватикан.

“Сите патишта водат до Рим” – гласи старата изрека. Без оглед кој пат го одбрал посетитело, тој мора да знае дека ќе му се пружи прилика да го разгледа и проучи како историското така и уметничкото богаство, кое е од светски размери.

ВЕНЕЦИЈА

Венеција – По која и да било случајност ако не би постоела, она би требало да се создаде. Така со векови се зборувало за шарматната стара госпоѓа, невеста и кралица на Јандранското море. Нејзината убавина се спротиставува на времето, па и на фактот дека пополека потонува. Венеција и покрај непријатната миризба на каналите, густата магла и влага, едноставна е единствена, отмена и незлечиво заводлива.

Изградена е на 188 мали острови во лалагуната, кој ги раздвојува повеќе од 170 канали и ги спојува 350 мостови, таа е најроматнична точка на сите туристички мапи. Овој град е прогласен за споменик на светското културно наследство од страна на UNESCO. Венеција, градот на вода, е првиот град кој ги нумерирал куќите и уличките, сместен е во североисточна Италија.

Дали знаете?

  • Етна е најголемиот активен вулкан во Европа, чија висина достигнува 3340 метри, со околу 400 изгасени и неколку активни кратери.
  • Филмот Кум не е сниме во селото Корлеоне, туку најпознатата филмска фамилија само по ова место го носи името. Познатите сцени се снимени во Таорима и во градската околина на сицилијанските села Forza d’Agro и Savoka.
  • Сициллијанската кујна е зачинета со цитрусно овошје и има многу шеќер. Наследствот на древните арапски емигранти е касато, колач полнет со рикота сирење и декорирана со паста од бадеми и кандирано овошје.
  • Малце се знае дека баш на Сицилија е измислено најдоброто слатко на светот: сладолет или “gelato”. Иначе Сицилијанците тврдат дека они го измислиле сладоледот.
Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • 9 ноќевања со појадок во Хотел Kennedy 3* во 1/2, 1/3 или 1/4 соби или мини апартмани.
  • Траект на релација Vila San Govani – Mesina / Mesina – Vila San Govani.
  • Автобуски превоз од високо туристичка категорија (ТV, DVD, aудио и видео опрема, А/C) на релација Белград-Сицилија-Белград, по програмата и траект.
  • Разгледи спрема програмата (Рим – панорамско разгледување на градот)
  • Водич за групата за цело време на аранжманот
  • Ораганизација на патувањето во целост.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување – 550 денари – плаќање во агенција.
  • Доплата за вечера (полупансион) во износ од 70 евра
  • Обавезна градска комунална такса за Палермо и околината (воведена 01.07.2012., се плаќа во агенција) – за престој во хотели со 3* – 2 евра по ноќевање / по лице. Деца до 10 години не плаќаат такса.
  • Превоз на релација Скопје – Белград – Скопје.
  • Факултативни излети, возење со брод од пристаништето Punta Sabbioni до Венеција и назад
  • Индивидуални трошоци.
Програма за патувања

1.Ден / Скопје – Белград:

Тргнување во утринските часови и тргнување за Белград. Следува спојување со групата од Белград. Возење преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија кон Рим со попатни паузи заради освежување и регулирање на граничните формалности.

2.Ден / Италија – Рим:

Пристигнување во Рим. Панорамско разгледување на Рим (Coloseo, Foro Imperiali, Piazza Venezia, Fontana di Trevi i Piazza di Spagna) и слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови тргнување за Сицилија. Ноќно возење преку Италија.

3.-11.Ден / Сицилија:

Пловење со траект до Сицилија. Пристигнување на Сицилија во претпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел на база на одбраната услуга до 15:00. Во текот на престојот во Сицилија, покрај слободното време за бањање, одмор, индивидуални активности, агенцијата ќе организира и голем број факултативни излети…

12.Ден / Сицилија – Италија:

Појадок. Напуштање на хотелот. Во попладневните часови тргнување за Венеција. Ноќно возење преку Италија.

13.Ден / Kavalino – Венеција:

Во утринските часови пристигнување во туристичката зона Kavalino. Слободно време или факултативен трансфер до Punta Sabioni и возење со брод до Венеција. Разглед на градот: Дуждева палата, Libreria, црквата Свети Марко, камбанаријата Kampanile, Torre del Orologio, зградата Procuratie, мостoт на воздишките, плоштадот Св. Марко. Враќање во Венеција во попладневните часови. После обиколката и слободното време, враќање до пристаништето и враќање за Македонија… Ноќно возење преку Италија, Словенија и Хрватска со кратки паузи поради одмор и регулирање на граничните формалности…

14.Ден / Србија – Белград – Македонија – Скопје:

Пристигнување во Белград во раните утрински часови и патувањето го продолжуваме за Скопје. Пристигннување во Скопје во вечерните часови. Крај на програмата.

Пријава, плаќање и напомена

Напомена:

  • Наведените цени од табелата се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН (СМЕСТУВАЊЕ, појадок и ПРЕВОЗ) за тргнување од Скопје, за минимум 20 патници.
  • За патниците кои организизираат превоз во сопствена режија, наведените цени на аранжманот од табелата се намалува за 30 евра.
  • Ве молиме пред да го склучите договотот за патување да се запознаете со програмата на патувањето, со општите услови за патување на Т.А Балкан Фан Македонија и со општите услови на меѓународното осигурување.
  • Сместувањето во сместувачките капацитети е во 15:00 частот (постои можност за порано сместување), а напуштањето е во 09:00 часот.
  • Сместувањето од оваа програма е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација во земјата во која престојуваме.

 

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 6000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.

ПАЛЕРМО И МОНРЕАЛЕ

Целодневен излет до Палермо, главен град на островот и разглед на катедралата во Монреале, чиј таван е украсен со 6000 квадратни метри мозаик од крајот на XII век. Следува панорамски разглед на Палермо: улицата Vittorio Emanuel, новата капија, палатата Norman, кадетралата, плоштадот Quatrro Canti, Плоштадот на срамот, театарот. Занимливо за овој град е тоа што е рангиран како еден од водечките градови во светот кога е во прашање уличната храна. Затоа препорачуваме да слободното време, за време на излетот да го искотистите за тоа.

ЕТНА И КАТАНИЈА

Етна (3.340м) е една од причините поради која секој сака да ја посети Сицилија. Разгледот на најголемиот и единствениот активен вулкан во Европа, со околу 400 изгаснати и неколку активни кратери и чуството додека газите по камчињата од лава на 2.800 метри, кога се околу Вас е темно и сиво, секако е нешто што морате да го доживеете. Искачувањето на висина од 1.900 метри и прошетката околу сарите изгаснати кратери, преставува незаборавна авантура. После разгледот на Етна, следува посета на Катанија – преубав град кој е лоциран на обалата од Јонското море, кој готово целиот да лежи на лава. Катанија е втор по големи град на Сицилија. Со оглед на тоа дека се наоѓа испод Етна, градот е повеќе пати уништувам заради ерупциите, но тој повторно бил изградуван, има баротски стил, во главно е целиот во сива боја (раскажуваат дека лавата е користена за изградба на градот), а денешниот изглед на градот е добиен после големиот земјотрес од 1693 година.

СИРАКУЗА И СИЦИЛИЈА OUTLET

Разглед на преубавиот град Сиракуза, кој е под заштита на UNESCO. Сиракуза е прочуена по погатата историја, затоа што долго време била важна колонија на античка Грција. Главниот плоштад ќе Ви се чини познат од некаде, а тогаш ќе сфатите дека тука е сниме филмот Малечка со Моника Белучи.

После разгледот на Сиракуза, ќе го посетиме најголемиот outlet шопинг центар на Сицилија, во кој се наоѓаат преку 100 брендови, каде по најниски цени можеме да уживаме во шопингувањето. Gucci, Piquadro, Armani, Trussardi, Mango, Calvin Klein, Lacoste – се само од брендовире кои се присутни во овој познат outlet.

TAORMINA BY NIGHT

Овој град е подеднакво жив и преку ден и навечер, а по улиците секојдневно чекорат голем број туристи од целиот свет. Преполн е со бутици, кафичи и ресторани. Кафичите се буквално распоредени по степениците, дури некои од нив имаат јастуци поставени по степениците за да се седи. Плоштадите на ова место се многу живи, на нив има многу сликари кои сликаат портрети, има голем број музичари или пак ќе видите како немо стојат пантомимичари. Буквално се е во движење и многу, многу убаво. На главниот плоштад се наоѓа и преубава катедрала – Duomo di Siracuza, само што ќе го поминете тој плоштад, од левата страна се наоѓа мал плоштад со две – три кафичи во кои навечер има преубава џез музика и е преполно со луѓе, со што е многу пријатно место за вечерен провод.

КАТАНИЈА BY NIGHT

Катанија е град кој има добар и најжив ноќен живот на Сицилија. Постојат многу клубови и дискотеки, како и области во градот со голем број на барови, каде луѓето може да уживаат во ноќниот провод. Центарот е главната зона за излагање, со голем број кафичи кои се начичкани едено до друго. Овој сицилијански град е и универзитетски град, па затоа навечер има голем број млади луѓе, кои до раните утриснки часови се забавуваат во одличните барови и клубови.

ПЛАЖА GIARDINI NAXOS

Плажата Giardini Naxos се наоѓа на источната обала од Сицилија, во округот Месина, на околу 60 километри оддалечен од аеродромот во Катанија и околу 6 километро од Таормина. Тоа е мало рибарско место кое заедно со соседното Таормина, кое во последните децении добива на значење и се развива во познато летувалиште. Во текот на летните месеци, на долгата песочна плажа може да изнајмувате лежалки и чадори за сонце.

Ова е право место да ги поминете летните денови, идеално место за да во потполност го доживеете островот. Преубавата песочна плажа и мирна вода, Ви овозможуваат иделани услови за пливање, и за спортови на вода, а тешко дека ќе одолеете на прошетката покрај убавиор стар град. Прошетката покрај обалата може да ја збогатите со прекрасен ручек во некој од рибните ресторани, каде со добро вино може да ги пробате специјалитетите на овој дел од островот.

Понуда на неделата