1.Ден: 16. Април 2020. / Скопје – Македонија – Грција:
Состанок на групата во 14:30 часот на паркингот спроти Хотел Holiday INN. Тргнувањето ќе биде во 15:00 часот. Следува возење преку Македонија и Грција со попатни паузи заради одмор и регурлирање на граничните формуларности.
2.Ден: 17. Април 2020. / Грција – Атина – Санторини:
Пристигнување во Атина – Пиреа, во утринските часови. Поѓање за Санторини од пристаништето во 07:25 часот. Предвидено е пристигнување на Санторини во 15:30 часот, и следува трансфер до сместувањето. До вечерните часови следува слободно време за одмор и индивидуални активности. Во 19:00 часот е предвидена факултативна посета на Пиргос. Враќање во Хотел. Ноќевање.
3.Ден: 18. Април 2020. / Санторини:
Појадок. По појадокот факултативно крстарење со брод, и посета на вулканските острови. Посета на новиот вулкан (на овој вулкан може да се влезе и се плаќа влез од 2,5 евра), потоа со бродот се упатуваме кон стариот вулкан (тука неможе да се влезе) каде постои можност да се бањате во термалните води. Враќање кон старото пристаништето и се упатиуваме (со магаре или жичара се доплаќа 6 евра) кон Фира. Слободно време во Фира. Враќање во Хотел. Во 23:00 часот е предвидено да се иде во локалната црква и да се дочека Велигден. Ноќевање.
4.Ден: 19. Април 2020. / Санторини:
Појадок. По појадокот следува целодневна посета на островот. Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Имеровигли. Разгледот го продолжуваме кон OIA, и каде дочекуваме да се види еден од најубавите и најпознати залези на сонцето. По залезот се враќаме во Хотел. Враќање во Хотел. Ноќевање.
5.Ден: 20. Април 2020. / Санторини – Атина – Грција – Македонија:
Појадок. Напуштање на сместувачките капацитети. Можност за посета на Археолошкиот музеј (доплата од 12 евра) или слободно време во Фира. Следува трансфер до пристаниште. Испловување од пристаништето во 15:25 часот. Предвидено е пристигнување во Пиреа во 23:30 часот. Следува ноќно возење преку Грција, со попатни паузи заради одмор и регулирање на граничните формуларности.
6.Ден: 21. Април 2020. / Македонија – Скопје:
Пристигнување во Скопје во утринските часови. Крај на програмата.