Санторини | 11 Октомври

Санторини | 11 Октомври

СместувањеТип на сместување10.10. - 15.10.
Hotel 3*

1/4
1/3
1/2
149€
159€
169€

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-217Денови -8Часови -8Минути -26Секунди


Опис на дестинацијата и фотографии

САНТОРИНИ

Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце.Како што рековме Санторини се наога во егејското море и припага на групата острови Киклади.Опфака територија од околу 96 км2,должина на обала од околу 69 км.Западната страна на островот,онаа која е свртена према вулканот е карпеста и стрмна и се вика KALDERA.На југоисточниот дел се наога варовитовулканска планина MESA VOUNO со највисок врв Prophifitis Ilias.Климата е умерена и е медитеранска.Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi,а во текот на зимата температурата никогаш не пага испод 10 степени.Дожд врне понекогаш во зима ,а во текот на летото нема врнежливи денови.

Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам,но и со одгледување на специфични видови на винови лози ,од кои се добива најубавото вино NYCHTERI,потоа со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни.На островот не постојат извори на слатка вода,почвата се наводнува од умерената влага на островот,а водата за пиење е исклучиво флаширана.Главен град на островот е FIRA кој е изграден на самиот срт на калдерата,на 260 м над површината на морето.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • 3 ноќевања со појадок во 1/2, 1/3 и 1/4 соби во Хотел 3* во Периса
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
  • Бродска карта на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување – 300 денари – плаќање во агенција
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци на патникот.
Програма за патувања

1.Ден: 10. Октомври 2018. / Скопје – Македонија – Грција:

Состанок на групата во 14:30 часот на паркингот спроти Хотел Holiday INN. Тргнувањето ќе биде во 15:00 часот. Следува возење преку Македонија и Грција со попатни паузи заради одмор и регурлирање на граничните формуларности.

2.Ден: 11. Октомври 2018. / Грција – Атина – Санторини:

Пристигнување во Атина – Пиреа, во утринските часови. Поѓање за Санторини од пристаништето во 07:25 часот. Предвидено е пристигнување на Санторини во 15:30 часот, и следува трансфер до сместувањето. До вечерните часови следува слободно време за одмор и индивидуални активности. Во попладневните часови е предвидена факултативна посета OIA, каде го дочеуваме да се види еден од наубавите и најпознатите залези на сонцето. Враќање во Хотел. Ноќевање.

3.Ден: 12. Октомври 2018. / Санторини:

Појадок. По појадокот следува целодневна посета на островот. Посета на Археолошкиот град Акротири (можност за посета на Музејот на лице место – влезот се доплаќа на лице место), Црвената плажа, Мегалохори, Пиргос (највисокото населено место на Санторини) Имеровигли, Фиростефани. По разгледот се враќаме во Хотел. Ноќевање.

4.Ден: 13. Октомври 2018. / Санторини:

Појадок. По појадокот факултативно крстарење со брод, и посета на вулканските острови. Посета на новиот вулкан (на овој вулкан може да се влезе и се плаќа влез од 2,5 евра), потоа со бродот се упатуваме кон стариот вулкан (тука неможе да се влезе) каде постои можност да се бањате во термалните води. Враќање кон старото пристаништето и се упатиуваме (со магаре или жичара се доплаќа 6 евра) кон Фира. Враќање во Хотел. Ноќевање.

5.Ден: 14. Октомври 2018. / Санторини – Атина – Грција – Македонија:

Појадок. Напуштање на сместувачките капацитети. По напуштањето на сместувањето се упатуваме за Фира. Следува трансфер до пристаниште. Испловување од пристаништето во 15:25 часот. Предвидено е пристигнување во Пиреа во 23:30 часот. Следува ноќно возење преку Грција, со попатни паузи заради одмор и регулирање на граничните формуларности.

6.Ден: 15. Октомври 2018. / Македонија – Скопје:

Пристигнување во Скопје во утринските часови. Крај на програмата.

Пријава, плаќање и напомена

Напомена:

  • Наведените цени од табелата се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН (СМЕСТУВАЊЕ и ПОЈАДОК, ТРАЕКТ и ПРЕВОЗ) за тргнување од Скопје.
  • За патниците кои организизираат превоз во сопствена режија, наведените цени на аранжманот од табелата се намалува за 50 евра.
  • Програмата се реализира со минимум 40 патници.
  • Ве молиме пред да го склучите договотот за патување да се запознаете со програмата на патувањето, со општите услови за патување на Т.А Балкан Фан Македонија и со општите услови на меѓународното осигурување.
  • Сместувањето од оваа програма е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација во земјата во која престојуваме.

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 3000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

НАСКОРО!

Понуда на неделата