На 20 километри од Кочани се наоѓа планинскиот бисер Пониква, обвиен со густа шума и природа која одзема здив. На надморска височина од 1.560 метри ќе заборавите на сите грижи и проблеми и сè што ве измачува, па тоа ја прави Пониква идеално место за викенд-релаксација.
Првото нешто што ќе го почувствувате наутро е свежиот воздух кој ќе ви ги наполни батериите за наредната работна недела. Само со една посета ќе сфатите зошто ова место е наречено „воздушна бања“. Има неколку објекти и ресторани каде можете да јадете откако ќе завршите со прошетката, па затоа сè што ви треба е желба за одмор и опуштање… и удобни обувки за пешачење. За љубителите на планинарењето, на само 16 километри се наоѓа и планинскиот врв „Царев Врв“, до кој може да се стигне со теренско возило или со искачување.
Пониква е идеално место за прошетки во пролет и лето, па ако сакате да избегате од градскиот метеж ова е нашиот предлог за вас за претстоечкиот период.Ако сакате одмор на кој белите дробови ќе ви бидат благодарни, воопшто не двоумете се да си резервирате престој во нашите апартмани.