1 Ден/Скопје – Србија – Хрватска – Словенија – Италија:
Поаѓање во утринските часови од пред спортскиот центар Борис Трајковски-Скопје. Патување преку гр.премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.
2 Ден/Италија – Кавалино – Венеција – Монако/Монте Карло – Франција:
Во раните утрински часови пристигнување во туристичката зона Кавалино. Можност за факултативен излет (со брод) до Венеција. Разглед на Венеција: Дуждева Палата, плоштадот и базиликата San Marco, Венецијанските столбови, каналот Grande, мостот Rialto, Santa Maria della Salute, мостот на воздишките. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање кон Punta Sabbioni и трансфер до Кавалино. Тргнување за Монако. Следува разглед на бајковитиот град: Палата Грималди, катедралата Св.Никола, Океанографскиот музеј, егзотичните градини, патеката на Формула 1. Посета на магичниот град на коцката и обиколка на познатите Casina, со прошетка на преубавите паркови на Монте Карло. После обиколката на оваа мала монденска држава следува ноќно возење и продолжување на патувањето преку Франција и Шпанија…
3 – 6 Ден / Шпанија – ЉОРЕТ ДЕ МАР:
Пристигнување во Љорет де Мар најпознатото туристичко летувалиште на Коста Брава кое е одалечено само 65 километри од градот Барселона. Следува сместување во соби и слободно време за релаксирање, капење. Секоја вечер факулативно посета на некоја од најдобрите дискотеки. Ноќевање. Можност за факултативни излети на најинтересните места: FLAMENKO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, BARCELONA BY NIGHT, PORT AVENTURA, NOU CAMP, AQUARIUM, DALI… Покрај тоа секоја вечер приредуваме на ексклузивни тематски забави во најпознатите ноќни клубови во Барселона и Љорет де Мар.
7 Ден / Љорет де Мар – Барселона – Шпанија – Франција:
Напуштање на сместувањето. Слободно време во Љорет де Мар или можност за факултативен излет “Барселона shopping & Магични фонтани”. Тргнување кон Азурната обала во касните вечерни часови. Ноќно возење преку Шпанија и Франција…
8 Ден / Ница – Франција – Италија – Словенија – Хрватска:
Утринско будење на Азурниот брег. Разглед на Ница: Promenade des Anglais, хотел Negresco, брдото Chatou, плоштадот Massena, операта, стариот дел на градот преполн со шармантни кафулиња. Слободно време за индивидуални прошетки, шопинг. Во вечерните часови тргнување за Македонија, преку Франција, Италија, Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи заради регулирање на гранични формалности.
9 Ден / Македонија – Скопје:
Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.