Поход на Европа | 19 дена

Поход на Европа

Сместување13.04.-01.05.
Hotel479€

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.



Black Friday – „лудило” од попусти и изненадувања во Балкан Фан!

  • Дали сте подготвени за да го уловите најголемиот попуст на туристички аранжмани? Традиционално „Black Friday” го одбележуваме ние, и специјално за вас ги подготвивме најголемите попусти на аранжани што некогаш биле направени во Балкан Фан. Попусти дури и до 50 евра на нашите патувања. Важно е да знаете дека понудите се ограничени.Како да го добиете попустот?
  • Пријави се online на следниот линк http://balkanfun.mk/blackfridayludilo/
  • Во петок на 23.11. го резервирате вашето место со минимум 1000 денари за новогодишните аранжмани и 2000 денари за сите СТУДЕНТСКИ ЕКСКУРЗИИ.

Опис на дестинацијата и фотографии

Студентска екскурзија

ЕКСКУРЗИЈА – на латински excursio, што значи излет, кратко патување, патување заради забава. Нашите родители целиот живот ни зборуваат дека студентските денови се најубави денови. Но, нажалост поради колоквиумите, испитните рокови, семинарските работи тие денови може да бидат права агонија. Меѓутоа, тие ситни препреки се работи кои брзо ги забораваме. Ќе ги потиснат сите оние убави дешавки кои ќе се случат во текот на студирањето, а тоа се дружбите, патувањата, журките, кафаните и секако многуте непреспиени ноќи. Немој да дозволиш макотрпното студирање да ти остане единствена работа на која ќе се сеќаваш, затоа што една диплома нема да ти ја врати изгубената младост. Може ова ти е последна прилика да тргнеш во незаборавна авантура со луѓето кои ги познаваш. Колку и да сакаш такви авантури едноставно не се случуваат понатака во животот, бидејќи влегуваш во некои нови епизоди од животот, во кои ќе имаш други преокупации и проблеми. Колку пати ќе имаш прилика да заиграш на крузер кој крстари по Медитеранот?

Студентската екскурзија е една од најубавите работи кои ќе го доживееш во текот на студирањето. Ти пружаме можност да ги посетиш некои од најпознатите градови во Европа, да дишеш со полна плуќа додека крстариш по Медитеранот и да ја осетиш топлината на Шпанија во Љорет. Максимално ќе се потрудиме за твоите потреби и желби, бидејќи и сами од порано сме почнале да ја креираме екскурзијата со желба засекогаш да останеме позитивни како во студентските денови.

Оваа година сме похрабри за некои работи. Одлучивме да патуваш по студентски цени.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Автобуски превоз на горенаведената релација со високотуристички автобус
  • 1 ноќевања со поајдок во Хотел со 2*/3* во Прага
  • 2 ноќевања во Хотел со 2*/3* во Амстердам
  • 2 ноќевања со појадок во Хотел со 2*/3* во Париз
  • 4 ноќевања на база полн пансион (појадок, ручек и вечера на база шведска маса) во Хотел со 3* во Љорет де Мар
  • 1 ноќевање во 1/4 внатрешни кабини(купатило, туш/WC…) на брод Грималди, на релација Барселона-Чивитавекија
  • 1 ноќевање во околината на Рим во Хотел со 3* во 1/3 и 1/4 соби
  • Водичи според програмата и пратител на групата за време на целото патување
  • Организација и водство на патувањетo
  • Напомена: Сместувањето е во повеќекреветни соби.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 650 денари
  • Доплата за 1/2 соба во градовите каде е предвидено ноќевања – 5о евра
  • Задолжителна туристичка такса за регионот Каталонија (од 01.11.2012) –  во хотели со 1*, 2* и 3* – 0,5 € по ноќевање/по патник, а за сместување во хотели со 4* – 1 € по ноќевање/по патник – плаќа се на рецепција од хотелот
  • Трансфер со брод до Венеција
  • Метро карта до центарот на Рим и назад (1.50 евра во еден правец)
  • Факултативни излети и влезници
  • Индивидуални трошоци на патникот.
Програма за патувања

1.Ден / Скопје- Србија- Прага:

Поаѓање  пред спортски центар Борис Трајковски во предпладневните часoви во договор со групата.  Патување преку гр.премин Табановце, Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

2.Ден / Прага:

Пристигнување во Прага во попладневните часови, по што следи разглед на Прага –Прашкиот дворец Hradcany, катедрлата St. Vito, Мала Страна, Карловиот мост, Староградскиот плоштад со астрономскиот часовник Орлој, Тинска црква, старата општинска зграда, плоштадот Вацлав… По разгледот на градот следува сместување во хотел и време за одмор и релаксација. Во вечерните часови следува незаборавна Welcome party во еден од најпопуларните прашки клубови. Ноќевање.

3.Ден / Берлин- Амстердам:

Појадок. По појадокот следува напуштање на хотелот и заминувње кон германската престолнина- Берлин. Запознавање со знаменнитостите на градот кон најдобро ја отсликуваат историјата, културата и самиот германски народ. Панорамски разглед: Potsdamer Platz, Sony center, остатоците од Берлинскиот зид, Checkpoint Charlie, Берлинската и Француската катедрала, концертната сала, Bebelplatz, Универзитетот, библиотеката, Branderburger Tor i Pariser Platz, Reichstag glass Dom, шопинг улицата Friedrichstrasse, главната пешачка улица Unter den Linden… Слободно време за индивидуални акривности. Поаѓање за Амстердам во вечерните часови. Ноќно возење.

4.Ден / Амстердам:

Утринско будење и разгледување на  Амстердам: посета на една од најпознатите светски брусилници на дијаманти Costers  Diamonds,  Rijksmuseum, Van Gogh музејот,  посета на музејот Heineken, кулата Munt, Leidseplein- центар на ноќниот живот во Амстердам, Rembrantplein, плоштадот Dam со кралската палата и музејот, улицата  Damrak… Сместување во хотел. Вечерна прошетка по најстарите делови на градот, каде се наоѓа познатиот De Wallen, или популарно наречено Red light district и уште попознатите coffee shop-ови, Hash marihuana,Theatre Casa Rosso… Враќање во хотел. Ноќевање.

5.Ден / Амстердам –Голема холандска тура: Хаг, Шевининген, Ротердам:

Во утринските часови заминување на факултативен излет ”Голема холандска тура”. Најпрво пристигнуваме во Хаг (Den Haag)-  Административната престолнина на Холандија, седиште на кралското семејство и на холандскиот парламент и палатата на мирот. Веднаш потоа заминуваме во посета на едо од наголемите летувалишта во Холандија – Шевенинген, кое покрај тоа изобилува со прекрасните песочни плажи, претставува дел од административниот центар на Холандија, поточно место во кое е сместен и затворрот за потребите на Хешкиот трубунал. Следи кратка прошетка покрај брегот на северното море. Понатаму патот го продолжуваме кон Ротердам- најголемото пристаниште во Европа и вториот град по големина во Холандија. Следи разглед на градот со сите негови најзначајни о бележја. Во попладневните часови враќање кон Амстердам. Слободно време за одмор и релаксација и подготвување за посета на некој од атрактивните клубови. Враќање во хотел. Ноќевање.

6.Ден / Амстердам- Мини Холандска тура:

Напуштање на хотелот во утринските часови. Слободно време за индивидуално разгледување на  градот или факултативна посета на т.н Мини Холандска тура: посета на автентичното холандско село Zaanse-Schans, старата фабрика за рачна изработка на кломпи, музејот на сирење  Zaanse – каде што  бесплатно може да се дегустираат  најпознатите домашни сирења. Следи волшебниот Volendam, некогашната престолнина и најважното пристаниште на Холандија. Во попладневните часови враќање во Амстердам, слободно време за прошетка низ познатите канали Herendracht, Keizersgracht, Prinsendracht,можност одблиску да се запознае градот. Плоштадот на музеите или факултативна посета на кралскиот музеј –Rijksmuseum,Museum Van Gogh, посета на најпознатата фабрика за обработка на дијаманти Costers… Слободно време за индивидуално разгледување на градот или факултативно крстарење со брод низ каналите- еден од подобрите начини да го запознаете Амстердам. Околу полноќ поаѓање кон Париз.

7.Ден / Париз:

Утринско будење и разгледување на Париз- најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја:  Stade de France , кулата Мonparnasse, Les Invalides, реката Сена, мостот Аlexander III, плоштадот Concorde, , музејот Louvre, Триумфалната порта , Trocadero, Moulin Rouge, Мontmartre со базиликата Sacre Care, посета на Латинскиот кварт и единствената катедрала Notre Dame… Сместување во хотел. Ноќевање.

8.Ден / Париз:

Појадок. Предпладне препорачуваме посета на кралскиот замок – Версај, и  на најголемиот музеј на светот Лувр. По времето за слободни активности на најпознатата улица во Европа Champselysees,  следува романтично крстарење по водите на реката Сена и можност за посета на Ајфеоловата кула и доживување на градот од една поинаква димензија. Враќање во хотел. Ноќевање.

9.Ден / Париз:

Појадок.Напуштање на хотелот.Последниот ден од вашиот престој во градот на светлината може да го посветите на шопинг и тоа во квартот Opere, улицата Rivoli… каде слободното време може да го искористите за да ја почувствувате магијата на париските улици преполни со ексклузивни продавници кои ве привлекуваат дури за момент да ги разгледате… Eдинствена можност за неверојатна целодневна забава:  ДИЗНИЛЕНД-  градот на соништата кој со својата магија ќе ве возбуди, расположи и ќе ви го направи денот незаборавен.Голем број на атракции за сите генерации… Посетете го единствениот забавен парк во Европа каде неограничен број пати може да се возите на атракциите во овој парк. Незаборавајте да ја проследите show програмата како специјалната парада со ликовите од Walt Disney… Не ја пропуштајте можноста еднаш во годината да уживате во фантастичниот и незаборавен провод. Во вечерните часови поаѓање кон Азурниот брег. Ноќно возење.

10.Ден / Пазриз-Кан-Ница-Монако-Монте Карло:

Утринско будење на Азурниот брег:

Грас – Посета на најстарата и најпозната парфимерија во Франција: Fragonard. Можност да купите светски брендови на парфеми по фабрички цени

Кан – Стариот град , монденската улица  La Croisette, Филмската Палата, престижните хотели, плажата…

Ница – Убавините на кралицата на Азурниот брег: Promenade des Anglais, хотел Negresco, брдото Chatou, плоштадот Massena, операта, стариот дел на градот преполн со шармантни кафулиња, шопинг зоната… Слободно време за индивидуални прошетки, шопинг…

Монако и Монте Карло – Во вечерните часови заминување во разглед на кнежевството Монако- Принчевата палата, катедралата Св.Никола, Океанографскиот музеј, егзотичните градини, патеката  на Ф1 … и секако гламурот на казината во Монте Карло. Патувањето продолжува кон Шпанија. Ноќно возење.

11.Ден / Азурен брег – Љоррет де Мар:

Пристигнување во утринските часови во најпознатиот туристички центар на крајбрежјето на Коста Брава-Љорет де Мар (65кмм од Барселона). Сместување во хотел во  и шпанско загревање со возбудливата COCTAIL PARTY. Попладне предвидено за одмор,сончање и капење. Вечера. Секоја вечер факултативна посета на дискотека. Ноќевање.

12-14.Ден / Љорет де Мар- Барселона:

Полн пансион. Ни претстојат денови предвидени за посета на бисерот на медитеранското крајбрежје, Барселона, разглед на дивиот брег Costa brava, дегустација на традиционално шпанско вино Sangria и Moscatel. Можност да се биде дел од атмосферата која  ја приредуваат фламенко танчерите, шопинг во најубавите трговски центри во Барселона, влез во подводниот морски свет, магијата на Camp Nou, Магичните фонтани и секако единствена можност за кулминација на вашето апсолвентскоо лудило во MOEF GAGA, OPIUM MAR надополнети со оригиналните тематски забави WELCOME PARTY, NIGHT IN COLOR, GRAFIT PARTY…

15.Ден / Љорет де Мар- Фиигуерас-Барселона- Крстарење по Медитеранот:

Појадок. Следува факултативна посета на Фигуерас- родното место на Салвадор Дали со можност за посета на музејот посветен на генијалниот уметник каде има можност да се види  импресивната колекција од неговите дела. По разгледот се упатуваме кон бисерот на медитеранот – Барселона. По пристигнување во центарот на градот слободно време за обиколка на некој од бројните музеи,шопинг и индивидуални активности. Во вечерните часови во договор со водичот, состанок на групата и заминување  кон пристаништето и подготвување за сета возбуда што ќе ја приреди Медитеранот. Сместување во модерни бродски кабини. Испловување  на релација Барселона – Чивитавекија. Уживање во прекрасната вечерна панорама на Медитеранот. Спектакуларна забава во една од дискотеките на овој хотел на вода.

16.Ден / Крстарење по Медитеранот- CIVITEVECCHIA:

Пристигнување во италијанското пристаниште и заминување кон вечниот град – Рим. Сместување во хотел. Ноќевање.

17.Ден / Рим-Венеција:

Следува прошетка низ Рим: Виторио Емануел, Колосеумот, Римскиот форум, Фонтана ди Треви, Дуомо, Шпански скали…  Следува слободно време за индивидуални активности. Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на градот. Во доцните вечерни часови, патувањето го продолжуваме кон Венеција. Ноќно возење до Венеција.

18.Ден / Венеција:

Во раните утрински часови пристигнување во Punta Sabbioni- факултативно возење со брод по венецијанската лагуна,разглед на градот Дуждевата Палата, плоштадот и базиликата San Marco, Венецијанските столбови, каналот Grande, мостот Rialto, Santa Maria della Salute, мостот на воздишките...  Попладне, состанок на групата и заминување кон Македонија. Возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

19.Ден / Скопје:

Пристигнување во Скопје во доцните попладневни часови.

Пријава, плаќање и напомена

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 2000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

ХОЛАНДСКА ТУРА

Посета на автентичното холандско село Zaanse-Schans, старата фабрика за рачна изработка на кломпи, музејот на сирење Zaanse – каде што можете бесплатно да ги дегустирате најпознатите домашни сирења. Го посетувате волшебниот Volendam, некогашната престолнина и најважното пристаниште на Холандија. Прошетка по стариот кеј и слободно време за уживање во сендивичите со морски плодови и харинга, како и слатката вафла со овошни преливи.

Heineken Experience

Прочуената пиваријата… безброј соби со неверојатни анимации, пунктови за дегустација на пиво… модерни документарни проекции кои ќе ве запознаат со историјата на најдобрата пиваријата во светот.. производството, дистибуцијата и маркетинг- коцептот на овај Холандски гигант. Ќе можете да го изгравирате и Вашето име на пивско шише.. незаборавно доживување, кое не смеете да го пропуштите.

ДИСКО ПРАГА

Број еден град за ноќен живот. Ве водиме во најдобрите дискотеки во Прага. Едноставно не смее да се пропушти доживувањето на дискотеките со познатите ди-џеи.

Понуда на неделата