Отворивме 3-та канцеларија!

Отворивме нова канцеларија!

Почитувани патници, соработници, субагенти, конкуренти и сите останати кои знаете дека постоиме и правиме убави и оргинални работи кога станува збор за туризмот, сакаме да Ве известиме дека отвораме нова канцеларија и тоа 3-та по ред.

На наше големо задоволство го шириме семејството на најдобрите патувања. Од сега уште еден град, покрај Прилеп, ќе ја има таа привилегија да го има најдобриот бренд за младински патувања Balkan Fun. Нашиот тим кој вредно и неуморно работи на тоа да ги задоволи потребите на сите барања доставени до нашата агенција, успеа по втор пат да го донесе нашиот бренд во Вашиот град. Поблиску до сите оние кои редовно патуваат со нас.

Сите ќе бидете поканети на нашето отворање наредна недела.

Ви благодариме и Ве сакаме многу,

Со почит,

Тимот на Балкан Фан Македонија.

Понуда на неделата