Истанбул | Нова година 2021

Истанбул | Нова година 2021

СместувањеТип на сместување30.12. - 02.01.
Hotel 3*

1/3
1/2
79€
79€

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-1106Days -3Hours -36Minutes -15Seconds


Опис на дестинацијата и фотографии

Истанбул

Истанбул – град кој лежи на два континента, спој на истокот и западот, Европа и Азија, со своето големо културно наследство, никогаш не престанува да воодушевува. Окупирано од четири различни цивилизации: грчка, римска, византиска и османлиска. Низ историјата има носено различни имиња: Византион, Нов Рим, Константинопол, Цариград и Истанбул. Денес тој е велеград, со над 13 милиони жители кои живеат и работат на два континента. Модерниот плоштад Таксим  или квартовите Бејоглу  и Османбеј, ќе ве натераат да се осеќате како да сте во било која друга светска метропола, а додека го шетата плоштадот Султанахмет неизбежно е да се вратите стотина па дури и илјада години наназад. Ново и старо, Азија и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да ги најдете толку испреплетени и нераскинливо поврзани како во Истанбул.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • 2 ноќевања во Хотел 3* со појадок или 2 ноќевања во Хотел 4* со појадок (спа,турска бања,парна бања) во Аксарај
  • Автобуски превоз со високотуристички Скопје-Истанбул-Скопје
  • Туристички придружник за време на патувањето и престојот
  • Шопинг во 212 центарот
  • Посета на фабриката КОСКА

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 200 денари – се плаќа во агенција
  • Факултативните излети

НАПОМЕНИ:

  • Задолжителна проверка на пасошот. Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција
  • За деца до 12 години се плаќа на 50% од износот.
Програма за патувања

1.Ден-Среда (30.12.2020): Скопје –Бугарија – Турција:
Собир на групата во 15:00 часот на однапред договорено место. По проверката на сите протоколи е предвидено тргнување во 15:30. Следува ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи, царински формалности, презентација на програмата и информации од страна на водичот околу тоа што ги очекува патниците во текот на целата програма.

2.Ден – Четверток (31.12.2020)Истанбул:
Предвидено е пристигнување на групата во Истанбул во претпладневните часови. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Сместување во соби. По сместувањето патниците добиваат слободно време за пауза, а по паузата и одморот остатокот од денот е предвиден за Крстарење по Босфорот – дневна забава на отворено море и запознавање на овој град кој лежи на два континента (разглед на градот од Босфор: Златен Рог – најубавиот дел на Истанбул, Мостот Галата и Кулата Галата, Џамијата Селимиј, Долмабахче палатата, Бешикташ, Квартот Ортокој, Руменли хисар – познатата византиска тврдина, Кулата Једи, Девојачката кула…), во време траење од 3 часа. По звршувањето на Крстарењето се упатуваме во Хотел. Слободно врема и подготовка за најлудата ноќ. Факултативен дочек на Новата година на еден од најдобрите Rooftop Истанбул (секако ова ќе се реализира доколку дозволи епидемиолошката слика во тој момент). Ноќевање.

3.Ден – Петок (01.01.2021) – Истанбул:
Појадок. Слободно време или можност за факултативна посета на некои од најпознатите културно историски знаменитости преку кои ќе ја запознаете вистинската магичност на Истанбул.Овој ден е предвиден да се направи посета на најпознатите места на овој град: Облакодерот Сафир – облакодер кој се наоѓа во деловната област Левент, ова е највисоката зграда во Истанбул и каде на 53 кат се наоѓа се наоѓа огромна стаклена тераса од каде може да направите понорамски слики со цел Истанбул во позадина(во склоп на оваа посета ќе имате прилика да ја видите 4Д Проекција каде ќе ги запознаете сите знаменитости на Истанбул од сосема поинаков агол), Посета на Миниатурк – еден од најголемите минијатурни паркови во светот , кој содржи модели од цела Турција, отворен на 02.Мај 2003 година, Emmar Squere Mall – ова е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и претставува една од најатрактивните места кои треба да ги посетите. Ова е одлично места за луѓето кои се заљубени во шопингувањето, забавата и гастрономијата. Овој трговски центар годишно го посетуваат околу 25 милиони посетители. Во склоп на овој центар има аквариум во кој може да се видат преку 10.000 видови на морски суштества.Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен и го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај. На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки. По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

4.Ден – Сабота (02.01.2021)- Истанбул- Турција- Бугарија – Македонија:

Појадок во хотелот, одјавување и пакување во автобус, се упатуваме кон фабриката КОСКА. По посетата на фабриката за локуми ни следи време  за шопинг во еден од најдобриот трговски аутлет 212 во Истанбул. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал да го искуси турскиот шопинг?

Секако шопингот за крај е “најбитен” па затоа ќе Ви оставиме доволно време за да направите добар турски шопинг. Шопингувањето ќе трае до 16:00 часот. Предвидено е пристигнување во раните утрински часови.

Пријава, плаќање и напомена

Напомена:

  • Наведените цени од табелата се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН (СМЕСТУВАЊЕ, ПОЈАДОК, ПРЕВОЗ) за тргнување од Скопје.
  • За патниците кои организизираат превоз во сопствена режија, наведените цени на аранжманот од табелата се намалуваат за 10 евра.
  • Ве молиме пред да го склучите договотот за патување да се запознаете со програмата на патувањето, со општите услови за патување на Т.А Балкан Фан Македонија и со општите услови на меѓународното осигурување.
  • Сместувањето од оваа програма е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација во земјата во која престојуваме.

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 30% за рана резервација
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

Топкапи палата

Сарајот Топкапи е една од најголемите градби во срцето на Истанбул. Оваа исклучително важна палата била седиште на Отоманската империја повеќе од 4 века, а денес претставува еден од најпосетените музеи во „Главниот град на светот“. Палатата Топкапи се наоѓа помеѓу Мраморно Море и Златниот Рог, недалеку од Света Софија. Овој објект бил седиште на Османлиските султани и административен центар на Отоманската империја во периодот од 1456 до 1853 година, кога султанот Абдул Меџид решил да го подигне Долмабахче Сарај и таму да го пресели целиот државен апарат.

Цена: 25 €

Пакет:Миниатурк парк и Сафир 4Д Кула

Минијатурк е минијатурен парк сместен на северо-источниот брег на Голден Рог во Истанбул, Турција. Отворен е на 2 мај 2003 година. Минијатурк зафаќа вкупна површина од 60.000 квадратни метри . Тој е еден од најголемите минијатурни паркови во светот со модел на површина од 15,000 м2 . Паркот содржи 122 модели во размер 1:25. Содржи структури од и околу Турција, како и толкувања на историски структури.

Сафир кула претставува облакодер кој што од 2016 година е прогласен за највисока градба во Истанбул лоцирана во централната деловна област Левент. По завршувањето на изградбата Сафир кулата била четврта по ред по височина кула во светот со вклупно 64 ката, 54 над земјата и 10 под земја. Она што е интересно е што овде се качуваме на најгорниот кат, 53 кат, каде ќе имаме прилика да влеземе во 4D кино и од сосема поинаков агол да ги погледнеме сите знаменитости во Истанбул. Иста така, можеме да излеземе на огромната стаклена тераса од која се гледа целиот Истанбул.

Цена: 30 €

Посета на палатата Долмабахче

Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини. Грандиозноста е нешто што секогаш ќе ги привлекува посетителите што сакаат барем за миг да ѕирнат во минатото и да го почувствуваат амбиентот во кој живееле отоманските благородници. Палатата, исто така, е дом и на најголемиот лустер од бохемиски кристали во светот, со 750 светилки и тежина од 4,5 тони, кој бил подарок од британската кралица Викторија. Покрај овој лустер, во палатата може да се најде и најголемата колекција на слични лустери. Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.

Цена: 25 €

Понуда на неделата