Милано | Нова Година 2020

Милано | Нова Година 2020

СместувањеТип на сместување30.12. - 03.01.
B&B Milano Monza 3*

1/3 со појадок
1/2 со појадок
145€
155€

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-751Days -3Hours -9Minutes -26Seconds


Напомена:

  • LAST MINUTE – последни соби во продажба!!!

Опис на дестинацијата и фотографии

Милано

Милано е престолнина на Ломбардија и најголем индустриски град во Италија. Се смета за моден и бизнис центар, со преку 1,5 милиони жители. Познатата готска катедрала D’Uomo di Milani и светски познатата Миланска опера, се само дел од многу богатото културно и архитектонско наследство. Во светот сепак Милано е најпознат како центар на модата и дизајнот, па за љубителите на шопингот е омилена дестинација. Милано има голем број на ресторани и ноќни клубови, кои го потполнуваат престојот на секој турист.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Сместување на база на 2 ноќевања со појадок во трокреветни и повеќекреветни соби во Hotel 3* во Милано
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
  • Пратител на групата за време траење на аранжманот
  • Организација на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување од 250 денари
  • Туристичка такса од 2 евра од ноќ по лице
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.
Програма за патувања

1.Ден 30.12.2019. / Скопје – Србија – Хрватска – Словенија – Италија:

Состанок на групата на договорено во претпладневните часови. Следува возење преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија со попатни паузи заради освежување и регулирање на граничните и царински формалности.

2.Ден 31.12.2019. / Италија – Милано:

Пристигнување во Милано во претпладневните часови. По пристигнувањето следува прошетка на градот: замокот Sforca, Миланската катедрала, Галеријата Виторија Емануела, Миланската опера… После разгледот следува сместување во хотел. Во вечерните часови факултативен дочек на Нова година во некој од многубројните кафичи или плоштади. Ноќевање.

3.Ден 01.01.2020. / Милан – Лугано – Швајцарија (факултативно):

Појадок. Слободно време за индивидуални активноси или можност за факултативен излет во Лугано, во преубавата Швајцарија. По пристигнувањето во Лугано следува разгледување на градот: катедралата Св. Лоренцо, црквата Св. Марија од Анѓел од XVI век, Градскиот парк, Плоштадот реформа… Слободно време за уживање во чистиот воздух и сонцето во Лугано. Враќање за Милано. Слободо време за индивидуални активности. Ноќевање.

4.Ден 02.01.2020. / Милано – Езерото Комо (факултаивно) – Италија – Словенија – Хрватска – Србија:

Покадок. Напуштање на хотелот и пакување на работите во автобус. Слободно време во Милано или можност за факултативен излет на Езерото Комо. Комое трето по големина езеро во Италија. Едно од најпознатите монденски места во Италија… По пристигнувањето разглед на градот: плоштадот и катедралата Duomo, плоштадот и црквата San Fedele, храмот Александар Волте… Слободно време за прошетка и релаксација или можност за факултивно возење со брод по ова преубаво италијанско езеро. Во попладневните часови враќање за Милано и продолжување на патувањето за Скопје. Ноќно возење низ Словенија, Хрватска и Србија.

5.Ден 03.01.2020. / Македонија-Скопје:

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Пријава, плаќање и напомена

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 2000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

Лугано Швајцарија

Лугано е град сместен на крајниот југ на Швајцарија во кантоната Тичино. Се простира на површина од 32 квадратни километри, а во самиот град живеат ококу 57000 жители. Градот лежи на Луганското езеро на надморска височина од 273 метри. Лугано е културен и бизнис центар на јужна Швајцарија. Тој е 9 по големина град во Швајцарија. Лугано е град со долга историја и традиција.  Овој простор бил населен уште од праисторијата. Во времето на стариот Рим ова место немало некое посебно значење, но во текот на средниот век многу брзо се развило. Лугано својот статус на град го добил во 1209. година, а во Швајцарската Конфедерација влегува во 1513. година. Во време на Наполеоновите војни во него влегува француска војска, а после тоа бил вратен на Конфедерацијата. Во текот на деветнаесетиот век почнува модерен развој на Лугано, и тој тренд трае и денес. Лугано е значајна туристичка дестинација на мапата на Швајцарија со бројни културно – историски и други знаменитости.

Езеро Комо

Доколку сте вистински љубители на патувањата, треба бар еднаш во животот да го посетите чаробното италијански езеро Комо, најдлабокото и по мислењето на многу најубавото езеро во Европа! Природната убавина на глечерското езеро Комо, синилото на неговата вода во која се гледаат врвовите на Алпите, оковани со вечен снег и луксузните вили со окружени со преубави градини, кои се како ниска брада расфрлени по неговата обала никој не оставаат рамнодушен. Заради неговата нестварна убавина, било тоа да е дело на природата или човечката рака, тука владее посебна атмосфера која од стариот Рим па до денес неодоливо ги привлекувала владетелите, аристократијата, уметниците и сите останати сонувачи и романтичари на овој свет. Во текот на историјата, многу од нив баш тука ја наоѓале својата инспирација за своите најувави дела.

Понуда на неделата