Макарска | Лето 2020

Макарска | Лето 2020

СместувањеТип на сместување04.09.-13.09.
GUESTHOUSE KOMFOR MOCA 3*
1/3 - СО ПОЈАДОК
1/2 - СО ПОЈАДОК
299€
299€

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-903Денови -11Часови -17Минути -1Секунди


Опис на дестинацијата и фотографии

МАКАРСКА

Макарска е мал град на јадранското крајбрежје на Хрватска, околу 60 км југоисточно од Сплит и 140 км северозападно од Дубровник. Има население од речиси 14 000 жители. Административно Макарска има
статус на град и е дел од округот Сплит-Далмација. Макарска е туристички центар, сместен на заливот во форма на потковица помеѓу планините Биоково и Јадранското Море. Градот е познат по шеталиштето со палми, каде што кафулињата, баровите и бутиците гледаат на пристаништето. Во непосредна близина на плажата има неколку хотели со голем капацитет, како и место за кампување.
Центарот на Макарска е стар град со тесни, камени, поплочени улици, главен црковен плоштад и Францисканиот манастир, во кој се наоѓа голема збирка на морски школки.
Ова градче е центар на Макарската ривиера, популарна туристичка дестинација, под планината Биоково. Се протега на 60 км помеѓу градовите Брела и Градац.
Нејзината поранешна катедрала Свети Марко беше седиштето на некогашната Римокатоличка епархија на Макарска која во 1828 год. беше споена во епархијата на Сплит-Макарска.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Сместување на база 7  ноќевање со појадок во 1/2 и 1/3 соби во избраното сместување во Макарска
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Макарска – Скопје
  • Туристичка такса
  • PCR тест за Covid – 19
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 350 денари – се плаќа во агенција
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.
Програма за патувања

1.Ден: Скопје – Србија – Хрватска:
Собир на групата во 14:30ч, на паркингот спроти хотел ,,Holiday Inn”, тргнување во 15:00h. Пред нас е денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 – 8 Ден: Хрватска – Макарска:
Пристигнување во претпладневните часови во сместувањето во Макарска. Пред нас се 8 дена за одмор, уживање и запознавање со убавините на Хрватската Ривиера. Во текот на престојот ќе се погрижиме дополнително да ја запознаете убавината на Хрватска преку организираните факултативни излети.

9 – 10 Ден: Макарска – Хрватска – Србија – Македонија:
Ги пакуваме куферите и го напуштаме сместувањето. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Пријава, плаќање и напомена

Напомена:

  • Наведените цени од табелата се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН (СМЕСТУВАЊЕ, ПОЈАДОК, ПРЕВОЗ) за тргнување од Скопје.
  • За патниците кои организизираат превоз во сопствена режија, наведените цени на аранжманот од табелата се намалуваат за 30 евра.
  • Ве молиме пред да го склучите договотот за патување да се запознаете со програмата на патувањето, со општите услови за патување на Т.А Балкан Фан Македонија и со општите услови на меѓународното осигурување.
  • Сместувањето од оваа програма е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација во земјата во која престојуваме.

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 30% за рана резервација
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.

НАСКОРО!

Понуда на неделата