Latino Weekend за прв пат во Македонија!

Latino Weekend за прв пат во Македонија!

Полека но сигурно ни поминува зимата и ни доаѓа пролетта, сезона кога   најмногу сакаме да шетаме, да го користиме сонцето, да се фоткаме, едноставно период кога се крева нашето расположение на едно повисоко ниво отколку претходно. Во тој контекст ние од туристичката агенција Balkan Fun креиравме едно ново патување, поинакво од сите претходни,  кое сме сигурни дека ќе ве примами да ни се придружите и да го искористите продолжениот викенд. За првпат кај нас го организираме новиот проект наречен LATINO WEEKEND. Прво и најголемо party патување за млади, љубители на латино музиката и најиграните и најпопуларните светски танци. Latino Weekend е осмислен да се одржува секоја година на пролет, на атрактивни туристички дестинации во окружувањето на кои  се пренесува атмосферата од Куба, Доминикана, Кариби и Латинска Америка. Водејќи се по овие замисли, го создадовме и ова прво издание, кое сме сигурни дека ќе прерасне во традиција во годините што следуваат.

Нашата цел на ова патување е првично дружбата и добриот провод. Следно, ќе ги научите најпознатите и најиграните танци во светот, салса, бачата, се тоа со помош на професионални инструктори. Сабајлечки ќе се расониме и растегнеме со зумба и аеробик на плажа. а попладнето е секако предвидено за латино журките, зачинети со најновите латино и регетон хитови на еден од најдобрите Латино Dj-и во Македонија. За 3 дена организираме 5 латино журки, и сето тоа во комбинација со ладни коктели, игри на плажа и сонце звучи совршено и ги поттикнува сите сетила на среќа, задоволство и моменти кои се паметат засекогаш.

Главното место на овој настан е Паралија (25.05-27.05), место кое ни е добро познато и место кое го работиме веќе 9 години наназад. Место кое е оддалечено на само 5-6 саати возење од Скопје. Цената во промотивниот период (до 15  април) е 64 евра со се вклучено – 2 ноќевања+превоз+водич+5 латино журки+туристичка такса. Се резервира со само 1000 денари а остатокот се доплаќа на 15 дена пред тргнување.

На ова патување се добредојдени сите љубители на латино музиката, авантуристи и танчери на латино танци,сите оние кои не танцуваат, но им се допаѓа овој стил на музика и сакаат да научат, како и сите оние кои сакаат да го искористат продолжениот викенд од 4 дена а да бидат на море.

Понуда на неделата