ЛАТИНО ВИКЕНД 2019

ЛАТИНО ВИКЕНД 2019

СместувањеТип на сместување24.05. - 26.05.
HOTEL 2*


1/5
1/4
1/3
1/2
65€
65€
69€
75€


Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-472Денови -9Часови -7Минути -33Секунди


Опис на дестинацијата и фотографии

LATINO WEEKEND

ПРВО И НАЈГОЛЕМО PARTY ПАТУВАЊЕ ЗА МЛАДИ, ЉУБИТЕЛИ НА ЛАТИНО МУЗИКАТА И КАРИПСКИТЕ ТАНЦИ. Латино Викенд е замислен да се одржува секоја година на пролет, на атрактивни туристички дестинации во окружувањето на кои се пренесува атмосферата од Куба, Доминикана, Кариби и Латинска Америка. Водејќи се по овие замисли, го создадовме второто издание на Латино Викенд, после ланското првенче кое не мотивираше да креираме уште подобра приказна за оваа година.

Нашата цел на ова патување е првично дружбата, добриот провод и ширењето позитивна енергија коe е неминовнo за ваков тип на настан. Следно, ќе ги научите најпознатите и најиграните танци во светот, салса и бачата, се тоа со помош на професионални инструктори. Утринско будење на телото со кардио вежби, зумба и аеробик на плажа, се тоа зачинето со најновите латино хитови со професионални латино Dj-и. За 3 дена организираме 5 латино журки, а сето тоа во комбинација со ладни коктели, плажа, сонце и море звучи совршено и ги поттикнува сите сетила на среќа, задоволство и моменти кои се паметат засекогаш.

На ова патување се добредојдени сите љубители на латино музиката, авантуристи, танчери на латино танци и зумба, сите оние кои не танцуваат, но им се допаѓа овој стил на музика и сакаат да научат, како и сите оние кои сакаат да го искористат продолжениот викенд од 3 дена а да бидат на море.

ДЕСТИНАЦИЈА

Паралија е едно од најпосетуваните одмаралишта во Грција, посебно популарнопо меѓу младите. Се наоѓа на брегот на Егејското море, во подножјето на планината Олимп. Ова градче се наоѓа на 280 километри односно на околу 4-5 саати возење од Скопје. Постојат многу плажи до кои можете да стигнете пешки или со велосипед, кој може да се изнајми на целден. Брегот е долг 10 километри, песокот на плажите е златно жолт, а во должината на целата обала се наоѓаат кафичи, таверни и барови кои нудат освежување и грчки специјалитети.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • 2 ноќевања во одбраниот хотел, апартман во 1/2, 1/3, 1/4, 1/5 соби и апартмани
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (AC/TV/DVD) на реалацијата според програматa
  • Професионален фотограв
  • Пратител на групата во текот на патувањето
  • Организација на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување од 180 денрари
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: првиватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2* – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра – се плаќа во агенција)
  • Party алка -организирани 5 Латино журки во beach bar на плажа и roof top диско, специјален гостин Бока Конга, денски тренинг сесии со фитнес инструктори, зумба инструктори, инструктори по латино- карипски танци (салса, бачата), брендирана Latino Weekend маица и попусти во одредени локали во Паралија
  • Индивидуални трошоци на патникот.
Програма за патувања

1.Ден: 24 мај (петок) / Скопје- Паралија:

Тргнување од договореното место во раните утрински часови. Возење низ Македонија со попатни паузи за одмор, освежување и регулирање на граничните и царинските формалности.Пристигнување во Паралија во претпладневните часови и сместување во апартман или хотел.

12:00 – 13:00 – Кардио тренинг на плажа со претставници од фитнес клубови

13:00 – 16:30 -Зумба и аеробик на плажа со претставници од зумба клубови

16:30- 19:00 -Welcome Забава со Dj Илија, во beach bar на плажа, загревање за она што не очекува за продолжениот викенд. Семинар по латино танци… Се журкаме се до зајдисонце.

00:00 – Ноќна забава во roof-top диско до раните утрински часови. Латино шоу- специјален гостин Бока Конга.

Ноќевање.

2 Ден: 25 Мај (сабота)/ Паралијa:

10:00 -10:45 – Будење на телото, кардио тренинг со претставници од фитнес клубови

10:45 – 14:15 – Растегнување со зумба и аеробик на плажа со претставници од зумба клубови

14:15 – 16:00 – Латино журка со Бока Конга, оригинален звук на конги и саксофон, зачинет со најпопуларните латино и регетон хитови. Салса, Бачата, Кизомба, Зумба…

16:15 – 19:00 – Натпревар во парови. Се журкаме се до зајдисонце…

00:00 – Ноќна забава до раните утрински часови со Dj Илија

Ноќевање.

3 Ден: 26 мај (недела)/ Паралија-Скопје:

Напуштање на собите (check out) од сместувањата во договорено време. Слободно време.

11:00 – 11:45 – Кардио тренинг со претставници од фитнес клубови

11:45 – 15:15 – Зумба и аеробик на плажа со претставници од зумба клубови

15:15 – 17:00 – GoodBye Латино журка пред напуштање на Паралија

17:00 – Тргнување за Скопје. Пристигнување во вечерните часови

Пријава, плаќање и напомена

Напомена:

  • Ве молиме пред да го склучите договотот за патување да се запознаете со програмата на патувањето, со општите услови за патување на  Т.А Балкан Фан Македонија.

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 1000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.

Понуда на неделата