ЛАТИНО ВИКЕНД 2018

ЛАТИНО ВИКЕНД 2018

СместувањеТип на сместување25.05. - 27.05.
HOTEL 2*


1/5
1/4
1/3
1/2
64€
64€
64€
64€


Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-283Денови -14Часови -11Минути -21Секунди


Опис на дестинацијата и фотографии

LATINO WEEKEND

ПРВО И НАЈГОЛЕМО PARTY ПАТУВАЊЕ ЗА МЛАДИ, ЉУБИТЕЛИ НА ЛАТИНО МУЗИКАТА И КАРИПСКИТЕ ТАНЦИ.Latino Weekend е замислен да се одржува секоја година на пролет, на атрактивни туристички дестинации во окружувањето на кои  се пренесува атмосферата од Куба, Доминикана, Кариби и Латинска Америка. Водејќи се по овие замисли, го создадовме нашето првенче, кое сме сигурни дека ќе прерасне во традиција во годините што следуваат.

Нашата цел на ова патување е првично дружбата и запознавањето нови пријатели. Следно, ќе ги научите најпознатите и најиграните танци во светот, салса, бачата и кизомба, се тоа со помош на професионални инструктори. Утринско будење на телото со зумба и аеробик на плажа и сето тоа зачинето со најновите латино хитови со професионален латиноDj.За 3 дена организираме 5 латино журки, и сето тоа во комбинација со ладни коктели, плажа и сонце звучи совршено и ги поттикнува сите сетила на среќа, задоволство и моменти кои се паметат засекогаш.

На ова патување се добредојдени сите љубители на латино музика, авантуристи и танчери на латино танци,сите оние кои не танцуваат, но им се допаѓа овој стил на музика и сакаат да научат, како и сите оние кои сакаат да го искористат продолжениот викенд од 4 дена а да бидат на море.

ДЕСТИНАЦИЈА

Паралија е едно од најпосетуваните одмаралишта во Грција, посебно популарнопо меѓу младите. Се наоѓа на брегот на Егејското море, во подножјето на планината Олимп. Ова градче се наоѓа на 280 километри односно на околу 4-5 саати возење од Скопје. Постојат многу плажи до кои можете да стигнете пешки или со велосипед, кој може да се изнајми на целден. Брегот е долг 10 километри, песокот на плажите е златно жолт, а во должината на целата обала се наоѓаат кафичи, таверни и барови кои нудат освежување и грчки специјалитети.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • 2 ноќевања во одбраниот хотел, апартман во 1/2, 1/3, 1/4, 1/5 соби и апартмани
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (AC/TV/DVD) на реалацијата според програматa
  • Инструктор по латино- карипски танци-салса,бачата, кизомба, интрукторка по зумба и аеробик
  • 5 Латино Журки со професионален Латино ДЈ
  • Секција за деца
  • Семинар по латино танци
  • Пратител на групата во текот на патувањето
  • Туристичка такса
  • Организација на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување од 180 денрари
  • Индивидуални трошоци на патникот.
Програма за патувања

1.Ден: 25 мај (петок) / Скопје- Паралија:

Тргнување од договореното место во раните утрински часови. Возење низ Македонија со попатни паузи за одмор, освежување и регулирање на граничните и царинските формалности.Пристигнување во Паралија во претпладневните часови и сместување во апартман или хотел.

12:00 13:00  Зумба за деца со професионална инструкторка

13:00 – 14:00  Аеробик и зумба на плажа за возрасни, со професионална инструкторка

14:00 – 19:00 – Welcome Латино Забава, во beach bar на плажа, загревање за она што не очекува за продолжениот викенд (латино журки на плажа,  со најпопуларните латино и регетон хитови, латино танци на плажа…). Карибски  семинар за салса и бачата. Се журкаме се до зајдисонце.

00:00– Ноќна забава до раните утрински часови.

Ноќевање.

2 Ден: 26 Мај (сабота)/ Паралијa:

12:00 -13:00 –Будење на телото  со зумба  (за деца)

13:00 – 14:00 –  Растегнување со зумба и аеробик на плажа ( за возрасни)

14:00 – 19:00 – Латино забава со професионален Латино ДЈ,  зачинета со најдобрите и најновите латино и регетон хитови.  Салса, Бачата, Кизомба…Натпревар во парови. Се журкаме се до зајдисонце

00:00– Ноќна забава до раните утрински часови.

Ноќевање.

3 Ден: 27 мај (недела)/ Паралија-Скопје:

Напуштање на собите (check out) од сместувањата во договорено време. Слободно време.

11:00 – 12:00 – Зумба за деца

12:00 – 13:00 Зумба и аеробик за возрасни со професионална инструкторка

13:00 – 17:00 – GoodBye Latino Party

17:00 – Тргнување за Скопје.Пристигнување во вечерните часови

Пријава, плаќање и напомена

Напомена:

  • Ве молиме пред да го склучите договотот за патување да се запознаете со програмата на патувањето, со општите услови за патување на  Т.А Балкан Фан Македонија.

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 1000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.

Понуда на неделата