Крстарење по Медитеранот | Ноќевање во Рим и Милано

Крстарење по Медитеранот | Ноќевање во Рим и Милано

СместувањеТип на сместување19.04. - 01.05.
Apartmani


App299€


HotelПолн пансион339€

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-695Days -9Hours -32Minutes -58Seconds


Black Friday – „лудило” од попусти и изненадувања во Балкан Фан!

  • Дали сте подготвени за да го уловите најголемиот попуст на туристички аранжмани? Традиционално „Black Friday” го одбележуваме ние, и специјално за вас ги подготвивме најголемите попусти на аранжани што некогаш биле направени во Балкан Фан. Попусти дури и до 50 евра на нашите патувања. Важно е да знаете дека понудите се ограничени.Како да го добиете попустот?
  • Пријави се online на следниот линк http://balkanfun.mk/blackfridayludilo/
  • Во петок на 23.11. го резервирате вашето место со минимум 1000 денари за новогодишните аранжмани и 2000 денари за сите СТУДЕНТСКИ ЕКСКУРЗИИ.

Опис на дестинацијата и фотографии

Студентска екскурзија

ЕКСКУРЗИЈА – на латински excursio, што значи излет, кратко патување, патување заради забава. Нашите родители целиот живот ни зборуваат дека студентските денови се најубави денови. Но, нажалост поради колоквиумите, испитните рокови, семинарските работи тие денови може да бидат права агонија. Меѓутоа, тие ситни препреки се работи кои брзо ги забораваме. Ќе ги потиснат сите оние убави дешавки кои ќе се случат во текот на студирањето, а тоа се дружбите, патувањата, журките, кафаните и секако многуте непреспиени ноќи. Немој да дозволиш макотрпното студирање да ти остане единствена работа на која ќе се сеќаваш, затоа што една диплома нема да ти ја врати изгубената младост. Може ова ти е последна прилика да тргнеш во незаборавна авантура со луѓето кои ги познаваш. Колку и да сакаш такви авантури едноставно не се случуваат понатака во животот, бидејќи влегуваш во некои нови епизоди од животот, во кои ќе имаш други преокупации и проблеми. Колку пати ќе имаш прилика да заиграш на крузер кој крстари по Медитеранот?

Студентската екскурзија е една од најубавите работи кои ќе го доживееш во текот на студирањето. Ти пружаме можност да ги посетиш некои од најпознатите градови во Европа, да дишеш со полна плуќа додека крстариш по Медитеранот и да ја осетиш топлината на Шпанија во Љорет. Максимално ќе се потрудиме за твоите потреби и желби, бидејќи и сами од порано сме почнале да ја креираме екскурзијата со желба засекогаш да останеме позитивни како во студентските денови.

Оваа година сме похрабри за некои работи. Одлучивме да патуваш по студентски цени.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Автобуски превоз на горенаведената релација со високотуристички автобус
  • 4 ноќевања во Љорет де Мар во избраното сместување и услуга
  • 1 ноќевање во 1/4 внатрешни кабини(купатило, туш/WC…) на брод Грималди, на релација Чивитавекија-Барселона
  • 1 ноќевање со појадок во Хотел со 3* во околина на Рим во 1/3 или 1/4 соби
  • 1 ноќевање со појадок во Хотел со 3* во Милано во 1/3 или 1/4 соби
  • Водичи според програмата и пратител на групата за време на целото патување
  • Организација и водство на патувањето
  • Напомена: Сместувањето е во повеќекреветни соби.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 450 денари
  • Доплата за 1/2 соба во хотел во Шпанија, Рим и Милано од 30 евра по лице
  • Задолжителна туристичка такса за регионот Каталонија (од 01.11.2012) – во хотели со 1*, 2* и 3* – 0,5 € по ноќевање/по патник, а за сместување во хотели со 4* – 1 € по ноќевање/по патник – плаќа се на рецепција од хотелот
  • Задолжителна туристичка такса за Рим и околината (воведена од 01.09.2014) – во хотели со 3* – 4 € по ноќевање/по патник, а за сместување во хотели со 4* – 6 € по ноќевање/по патник – плаќа се на рецепција од хотелот
  • Задолжителна туристичка такса за Милано и околината (воведена од 15.09.2012) – во хотели со 3* – 4 € по ноќевање/по патник, а за сместување во хотели со 4* и 5* – 5 € по ноќевање/по патник – плаќа се на рецепција од хотелот
  • Трансфер со брод до Венеција
  • Метро карта до центарот на Рим и назад (1.50 евра во еден правец)
  • Индивидуални трошоци на патникот.
Програма за патувања

1.Ден / Скопје – Србија -Хрватска – Словенија – Италија:

Собир на групата во попладневните часови на договореното место. Возење преку Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Италија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2.Ден/ Италија – Кавалино – Венеција – Фиренца – Рим:

Во раните утрински часови пристигнуваме во туристичката зона Кавалино. Можност за факултативна посета со брод до Венеција. Венеција: каналот Grande, мостот Rialto, плоштадот Sv.Marka со црквата и музејот Sv.Marka, Duzdevata палата, сатната кула, мостот Uzdaha, столбовите заштитници на градот… Прошетка низ тесните улици испресечени со канали. Слободно време. Враќање со брод до пристаништето Punta Sabioni и трансфер до Кавалино.Поаѓање за Фиренца каде не очекува посета на еден од најубавите Италјански градови во кои живееле и работеле Леонардо, Микеланџело, Донатело, Макијавели, Данте, Бока… По пристигнувањето, следува прошетка на градот:  Катедралата Santa Maria del Fiore, крстилницата на Јован Крстител, плоштадот Сињори, Галерија Уфичи, мост Векио на реката Арно … Продолжување на патувањето кон Рим.

3.Ден / Рим:

Пристигнување во вечниот град во раните утрински часови. По напуштање на автобусот се упатуваме кон метрото кое ќе не одведе до центарот на Рим (цена на картата за метро изнесува -1.50 € во еден правец ). Следува разглед на Рим : Coloseum, Foro Imperiali, Piazza Venezia, Fontana di Trevi, Piazza di Spagna i Panteon. Слободно време до попладневните часови кога следува упатување во хотелот. Слободно време. Ноќевање.

4.Ден / Рим – Чивитавекија – Крстарење по медитеранот:

Појадок. Напуштање на хотелот и пакување на работите во автобус. Поаѓање со метро до центарот на Рим. Слободно време. Во попладневните часови,заминуваме кон пристаништето Чивитавекија, упатување кон бродот и сместување во кабини. Слободно време за користење многубројни можности што ги нуди овој “пловечки хотел” … Музика во живо, танц шоу, диско клуб, казино, пијано бар, базен, фитнес, џакузи, бесплатна продавница … Организирање забава во дискотека на одборот. Ноќевање во модерно опремени бродски кабини (бања, туш / WC …).

5- 8.Ден / Љорет де Мар – Барселона:

Утринска забавна програма на брод и дружење, играње и сончање додека крстариме по Медитеранот се до попладневните часови, кога се чека да отпловиме до Барселона. Во вечерните часови, доаѓа до најпознатиот туристички центар на Коста Брава – Љорет де Мар. Сместување во собите. Секоја вечер факултативна посета на некои од најпопуларните дискотека. Ноќевање. Поаѓање на некои од наинтересните факултативни излети: FLAMENKO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, BARCELONA BY NIGHT, PORT AVENTURA, NOU CAMP, DALIJEV MUZEJ, AKVARIJUM… Покрај тоа, ќе имате можност да ги поминете највозбудливите моменти во ноќниот живот на енергичниот Љорет де Мар.

9.Ден / Љеорет де Мар –Барселона – Шпанија – Франција:

Напуштање на собите. Слободно време во Љорет или можност за факултативна посета на “Барселона шопинг & Магични фонтани”. Заминување кон Азурниот брег во доцните вечерни часови.Ноќно возење низ Шпанија и Франција.

10.Ден / Ница – Монако – Монте Карло – Франција – Италија:

Во утринските часови пристигнување на Азурниот брег. Приристигнување во Ница: Англиското шеталиште (Promenade des Anglais), хотел Negresko … Цел ден во Ница. Во вечерните часови, заминуваме во Кнежевството Монако. Панорамски разглед на бајковиот град: Палатата Grimaldijevih,Катедрала, Океанографскиот музеј, стазата на Формула 1. Посета на магичниот град на коцката и посета на познатото Казино со проршетка низ прекрасните паркови на Монте Карло. По посетата на малата монданска држава следува ноќно возење и продолжение на патувањето низ Франција и Италија.

11.Ден / Италија – Милано:

Пристигнување во Милано Во раните утрински часови. По пристигнувањето следува разглед на градот: Замокот Sforca, Миланската катердала, Галеријата Виторија Емануела, Миланската скала. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотелот. Ноќевање.

12.Ден / Милано – Езерото Комо (факултативно) – Италија – Словенија – Хрватска – Србија:

Доручек. Напуштање на хотелот и пакување на работите во автобус. Слободно време во Милано или можност за факултативна посета до езерото Комо. Комо е трето езеро по големина во Италија. Едно од најпознатите мондански места во Италија. По пристигнувањето следува разглед: Плоштадот и Катедралата Дуомо, Плоштадот и црквата San Fedele, Храмот на Александра Волта, најпознатите жители на Комо. Слободно време за прошетла и релаксација или можност за факултативно пловење со брод по ова прекрасно италјанско езеро. Во попладневните часови враќање кон Милано и продолжуваме кон Скопје . Ноќно возење низ Словенија, Хрватска и Србија.

13.Ден/ Македонија – Скопје:

Пристигнување во Скопје во утринските часови / Крај на Програмата.

Пријава, плаќање и напомена

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 2000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

БАРСЕЛОНА ПАНОРАМИКА

Откако ќе се искачиме на брдото Монжуик, ќе ја имате Барселона на дланка и ќе добиете впечаток и ориентација за градот. Оттаму како на ѓердан се нижат скапоцени изданија за чија чистота и вековност са грижат градот и УНЕСКО. Ремек делата на Антони Гауди се неизбежни во обиколка на Барселона на најелегантната авенија Passeig de Gracia ќе га видите неговите куќи како од бајка, Casa Batllo и Casa Mila. Неговото најголемо ремек дело црквата Sagrada Familia.  Нема да ве остават рамнодушни ни плоштадите Каталуња и Еспања, Националната палата, арените за корида. А за крај прошетка по најшарената улица на светот. Ла Рамбла, улица која ќе посакате да нема крај…

КОСТА БРАВА

Коста е и Шпански збор за`брег`, а Брава значи “карпест” или ”див”. Што во превод би дошло дива (карпеста) обала. Посета на Tossa de Mar, град со типичен Шпански шмек, автентичен на Шпанската архитектура со прекрасната средновековна тврдина. Посета на ботаничката градина Pinya de Rosa со преко 100 видови на кактуси… излетот завршува со дегустиција на вино и сангрија во винарска визба.

ФЛАМЕНКО

Шпанска вечер со традиционалниот шпански танц Фламенко кој го изведуваат екипа на врвни танчерки и танчери. Шоуто е поделено во неколку дела, каде ќе уживате во феноменалниот глас на тенорот Сам, и спцијалната изведба на светскиот рекордер во нај брз фламенко танц Хосе Леон. Вкусот на сангријата (кој можете да го конзумирате во неограничени количини ќе го збогати уживањето во традиционалните танци и шпанската гитара…. и на крајот сме сигурни дека некој од вас ќе го поведе ритамот и ќе заигра.

МУЗЕЈ САЛВАДОР ДАЛИ

Посета на родниот град Салвадор Дали и неговиот музеј отворен во 1974 година. Дали Театар – музеј е изграден врз остатоците од поранешниот Figueres театар. Тој соджи најширока палета на дела кои ги опфаќа умертничката кариера на Салвдор Дали (1904-1989), од неговите најрани уметнички искуства и неговите надреалистички креации се до делата на последните години од неговиот живот. Музејот на Дали нуди уникатно искуство да бидете во можност да ги почуствувате делата и да уживате во работата и мислите на еден гениј.

CAMP NOU

Стадионот Камп ноу со капацитет од 99.354 седишта, го прави најголемиот стадион во Европа и дванаесеттиот по големина во светот. Доживејте ја магијата на најубавиот стадион на светот, каде ќе имате можност да го посетите музејскиот дел со сите трофеи освоени од FC BARCELONA, трибинте, сликајте се со најпознатите фудбалски ѕвезди, купете сувенир и испишете го своето име на дрес…

АКВАРИУМ

Во огромните аквариуми живеат 11.000 животни од 450 различни видови кои пливаат во 6 милиони литри вода, а движејќи се низ подводен тунел долг 80 метри ќе може да ги запознаете и истражите сите. Чуството да се биде толку близу до водениот свет што живее во водите на медитеранот е уникатно и незаборавно. Аквариумот на Барселона е најголемиот аквариум во Европа, посетен од над 14 милиони посетители до сега.

ДИСКО ВО ЉОРЕТ ДЕ МАР

Секоја вечер приредување на ексклузивните тематски забави во најпознатите ноќни клубови во Барселона и Љорет де Мар.

Понуда на неделата