Крстарење по Медитеранот | Посета на Рим и Азурна обала

Крстарење по Медитеранот | Посета на Рим и Азурна обала

СместувањеТип на сместување14.04. - 23.04.
Apartmani


App179€


HotelПолн пансион219€

Уште 34 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-58Days -13Hours -47Minutes -56Seconds


Опис на дестинацијата и фотографии

Студентска екскурзија

ЕКСКУРЗИЈА – на латински excursio, што значи излет, кратко патување, патување заради забава. Нашите родители целиот живот ни зборуваат дека студентските денови се најубави денови. Но, нажалост поради колоквиумите, испитните рокови, семинарските работи тие денови може да бидат права агонија. Меѓутоа, тие ситни препреки се работи кои брзо ги забораваме. Ќе ги потиснат сите оние убави дешавки кои ќе се случат во текот на студирањето, а тоа се дружбите, патувањата, журките, кафаните и секако многуте непреспиени ноќи. Немој да дозволиш макотрпното студирање да ти остане единствена работа на која ќе се сеќаваш, затоа што една диплома нема да ти ја врати изгубената младост. Може ова ти е последна прилика да тргнеш во незаборавна авантура со луѓето кои ги познаваш. Колку и да сакаш такви авантури едноставно не се случуваат понатака во животот, бидејќи влегуваш во некои нови епизоди од животот, во кои ќе имаш други преокупации и проблеми. Колку пати ќе имаш прилика да заиграш на крузер кој крстари по Медитеранот?

Студентската екскурзија е една од најубавите работи кои ќе го доживееш во текот на студирањето. Ти пружаме можност да ги посетиш некои од најпознатите градови во Европа, да дишеш со полна плуќа додека крстариш по Медитеранот и да ја осетиш топлината на Шпанија во Љорет. Максимално ќе се потрудиме за твоите потреби и желби, бидејќи и сами од порано сме почнале да ја креираме екскурзијата со желба засекогаш да останеме позитивни како во студентските денови.

Оваа година сме похрабри за некои работи. Одлучивме да патуваш по студентски цени.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Автобуски превоз на горенаведената релација со високотуристички автобус
  • 4 ноќевања во Љорет де Мар во избраното сместување и услуга
  • 1 ноќевање во 1/4 внатрешни кабини(купатило, туш/WC…) на брод Грималди, на релација Чивитавекија-Барселона
  • Водичи според програмата и пратител на групата за време на целото патување
  • Организација и водство на патувањето
  • Напомена: Сместувањето е во повеќекреветни соби.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 450 денари
  • Доплата за 1/2 соба во хотел во Шпанија од 25 евра по лице
  • Доплата за 1/2 кабина на брод од 40 евра по лице
  • Задолжителна туристичка такса за регионот Каталонија (од 01.11.2012) – во хотели со 1*, 2* и 3* – 0,5 € по ноќевање/по патник, а за сместување во хотели со 4* – 1 € по ноќевање/по патник – плаќа се на рецепција од хотелот
  • Трансфер со брод до Венеција
  • Метро карта до центарот на Рим и назад (1.50 евра во еден правец)
  • Индивидуални трошоци на патникот.
Програма за патувања

1 Ден / Скопје – Србија – Хрватска – Словенија – Италија:

Поаѓање  во утринските часови од пред спортскиот центар Борис Трајковски-Скопје. Патување преку гр.премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

2 Ден / Италија – Кавалино – Венеција – Верона – Рим:   

Во раните утрински часови пристигнување во туристичката зона Кавалино. Можност за факултативен излет (со брод) до Венеција. Разглед на Венеција: Дуждева Палата, плоштадот и базиликата San Marco, Венецијанските столбови, каналот Grande, мостот Rialto, Santa Maria della Salute, мостот на воздишките. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање кон Punta Sabbioni и трансфер до Кавалино. Тргнување за Верона, каде не чека разглед на овој романтичен град: Арената, Плоштадот Бра, Дантовиот плоштад… Продолжување на патувањето за Рим…

3 Ден / Рим – Чивитавекија – Крстарење по Медитеранот:

Пристигнување во вечниот град во раните утрински часови. Напуштање на автобусите и заминување за Рим со метро (цената на метро картата чини 1.50 евра во еден правец). Следува обиколка на Рим: Coloseum, Foro Imperiali, Piazza Venezia, Fontana di Trevi, Piazza di Spagna, Panteon… Следува слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови тргнување за Чивитакија, сместување на брод и во кабини. Испловување на релација Чивитавекија – Барселона. Уживајте во прекрасната вечерна панорама на Медитеранот. Организирана забава во дискотеката на бродот. Ноќевање во модерно опремени бродки кабини(купатило, туш/WC…).

47  Ден / ЉОРЕТ ДЕ МАР – Барселона:

Во утринските часови, продолжува забавата и дружењето, а секако тука и сончањето додека пловиме по Медитеранот се до попладневните часови за кога е предвидено пристигнување во Барселона. Во вечерните часови е предвидено пристигнување во најпознатиот туристички центар на Коста Брава – Љорет де Мар. Следува сместување во соби. Секоја вечер факулативно посета на некоја од најдобрите дискотеки. Ноќевање. Можност за факултативни излети на најинтересните места: FLAMENKO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, BARCELONA BY NIGHT, PORT AVENTURA, NOU CAMP, AQUARIUM, DALI… Покрај тоа секоја вечер приредуваме на ексклузивни тематски забави во најпознатите ноќни клубови во Барселона и Љорет де Мар.

8 Ден / ЉОРЕТ ДЕ МАР – Барселона – Шпанија – Франција:

Напуштање на сместувањето. Слободно време во Љорет де Мар или можност за факултативен излет “Барселона shopping & Магични фонтани”. Тргнување кон Азурната обала во касните вечерни часови. Ноќно возење преку Шпанија и Франција…

9 Ден / Ница – Монако – Монте Карло – Франција – Италија – Словенија – Хрватска:   

Утринско будење на Азурниот брег. Разглед на Ница: Promenade des Anglais, хотел Negresco, брдото Chatou, плоштадот Massena, операта, стариот дел на градот преполн со шармантни кафулиња. Слободно време за индивидуални прошетки, шопинг. Во вечерните часови тргнување за Македонија, преку Франција, Италија, Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи заради регулирање на гранични формалности.

10 Ден / Македонија – Скопје:

Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Пријава, плаќање и напомена

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 2000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

БАРСЕЛОНА ПАНОРАМИКА

Откако ќе се искачиме на брдото Монжуик, ќе ја имате Барселона на дланка и ќе добиете впечаток и ориентација за градот. Оттаму како на ѓердан се нижат скапоцени изданија за чија чистота и вековност са грижат градот и УНЕСКО. Ремек делата на Антони Гауди се неизбежни во обиколка на Барселона на најелегантната авенија Passeig de Gracia ќе га видите неговите куќи како од бајка, Casa Batllo и Casa Mila. Неговото најголемо ремек дело црквата Sagrada Familia.  Нема да ве остават рамнодушни ни плоштадите Каталуња и Еспања, Националната палата, арените за корида. А за крај прошетка по најшарената улица на светот. Ла Рамбла, улица која ќе посакате да нема крај…

КОСТА БРАВА

Коста е и Шпански збор за`брег`, а Брава значи “карпест” или ”див”. Што во превод би дошло дива (карпеста) обала. Посета на Tossa de Mar, град со типичен Шпански шмек, автентичен на Шпанската архитектура со прекрасната средновековна тврдина. Посета на ботаничката градина Pinya de Rosa со преко 100 видови на кактуси… излетот завршува со дегустиција на вино и сангрија во винарска визба.

ФЛАМЕНКО

Шпанска вечер со традиционалниот шпански танц Фламенко кој го изведуваат екипа на врвни танчерки и танчери. Шоуто е поделено во неколку дела, каде ќе уживате во феноменалниот глас на тенорот Сам, и спцијалната изведба на светскиот рекордер во нај брз фламенко танц Хосе Леон. Вкусот на сангријата (кој можете да го конзумирате во неограничени количини ќе го збогати уживањето во традиционалните танци и шпанската гитара…. и на крајот сме сигурни дека некој од вас ќе го поведе ритамот и ќе заигра.

МУЗЕЈ САЛВАДОР ДАЛИ

Посета на родниот град Салвадор Дали и неговиот музеј отворен во 1974 година. Дали Театар – музеј е изграден врз остатоците од поранешниот Figueres театар. Тој соджи најширока палета на дела кои ги опфаќа умертничката кариера на Салвдор Дали (1904-1989), од неговите најрани уметнички искуства и неговите надреалистички креации се до делата на последните години од неговиот живот. Музејот на Дали нуди уникатно искуство да бидете во можност да ги почуствувате делата и да уживате во работата и мислите на еден гениј.

CAMP NOU

Стадионот Камп ноу со капацитет од 99.354 седишта, го прави најголемиот стадион во Европа и дванаесеттиот по големина во светот. Доживејте ја магијата на најубавиот стадион на светот, каде ќе имате можност да го посетите музејскиот дел со сите трофеи освоени од FC BARCELONA, трибинте, сликајте се со најпознатите фудбалски ѕвезди, купете сувенир и испишете го своето име на дрес…

АКВАРИУМ

Во огромните аквариуми живеат 11.000 животни од 450 различни видови кои пливаат во 6 милиони литри вода, а движејќи се низ подводен тунел долг 80 метри ќе може да ги запознаете и истражите сите. Чуството да се биде толку близу до водениот свет што живее во водите на медитеранот е уникатно и незаборавно. Аквариумот на Барселона е најголемиот аквариум во Европа, посетен од над 14 милиони посетители до сега.

ДИСКО ВО ЉОРЕТ ДЕ МАР

Секоја вечер приредување на ексклузивните тематски забави во најпознатите ноќни клубови во Барселона и Љорет де Мар.

Понуда на неделата