Краков | Велигден 2018

Краков | Велигден 2018

СместувањеТип на сместување05.04. - 10.04.
Hotel 3*


1/4 со појадок
1/3 со појадок
1/2 со појадок
139€
149€
159€

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


08Денови 23Часови 07Минути 05Секунди


Опис на дестинацијата и фотографии

Краков

Град со посебна атмосфера и извонредно топли и гостопримливи луѓе, град за истражување, провод и прошетка во минатото. Измешаноста на минатото со сегашноста го прави Краков по се единствен и никогаш ист. Придружете ни се нас за Велигденските празници и откријте го магичниот Краков.

Краков е град во јужниот дел на Полска. Се наоѓа над реката Висла. Во минатото била престолнина на Полска. Денеска во него живеат околу  750 000 жители. Површината на градот е 326,8км. Краков е административен, културен, образовен, индустриски и туристички центар во регионот. Краков е еден од најважните културни центри на Полска, а и го сметаат за културна престолнина на државата. Во Краков се наоѓаат многу културни институции кои се од посебно значење за цела Полска.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Сместување на база на 3 ноќевања со појадок во 1/2, 1/3 и повеќекреветни соби во Хотел во Краков
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
  • Пратител на групата за време траење на аранжманот
  • Организација на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување од 250 денари
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.
Програма за патувања

1.Ден 05.Април 2018. / Скопје – Србија – Унгарија – Словачка:

Тргнување на автобусите од паркингот спроти Хотел Holiday INN во претпладневните часови. Ноќно возење преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи.

2.Ден 06.Април 2018. / Полска – Краков:

Пристигнување во Краков во претпладневните часови. Слободно време за прошетка и запознавање на градот со придружбана водич (Ридот Вавел со кралскиот дворец и катедралата, стариот град Ринексо камбаната – еден од најголемите во Европа, црква Св. Марија, Јагелионскиот Универзитет од XIV век, Барбакан, Цветната врата, Еврејскиот кврат Kазимерц, улицата Kаноницзна со згради до XIV век). Сместување во Хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

3.Ден 07.Април 2018. / Краков – Рудникот на солта (факултативно):

Појадок. Можност за факултативна посета на 700 години стариот рудник на солта Велицка. Се спушта со лифт во длабочина од 100м и се разгледува преубавото подземно езеро, кралската капела на правена од сол и концертната сала. Враќање во Краков. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

4.Ден 08.Април 2018. / Краков:

Појадок. Факултативна посета на Еврејскиот кварт во придружба на водич. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

5.Ден 09.Април 2018. / Краков – Aушвиц (факултативно):

Појадок и напуштање на собите. Факултативна посета на Аушвиц, концентрационен логор од Втората светска војна кој од 1979 е под зашита на УНЕСКО. Враќање во Краков. Слободно време. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Ноќњо возење преку Словачка, Унгарија, Србија со попатни паузи.

6.Ден 10.Април 2018. / Македонија-Скопје:

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Пријава, плаќање и напомена

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 2000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.

Рудник на солта

Факултативен излет на 700 години стариот рудник Вјеличка, које е најстар рудник за сол во Европа и се наоѓа на 20 километри од Краков, а од 1978 година е прогласен за дел од светскато културно наследство и под заштита на UNESCO. Должината на рудникот е 300 километри, со длабочина од 327 метри. Излетот на рудникот опфаќа разгледување на ходник долг 3 километри. На длабочина од 64 метри се стигнува после спусштање по 378 стрмни скали, а до 135 метри се стигнува со лифт. Тука се наоѓа спектакуларно подземно езеро, многубројни скулптури, лустери, пошта, кралска капела, концертна сала, кои служеле за рударите а се направени од сол. Во склоп на рудникот дури постои и клиника за лечење од асма затоа што солта од рудникот има лековити својства.

Еврејски кварт Kazimerz

Со придружба на стручен локален водич, ќе го посетиме познатиот еврејски кварт Kazimierz и на прав начин ќе го осетиме духот на овој мистериозен дел од градот. Излетот вклучува и посета на Remuh синагогата, средновековниот трговски плоштад, старата синагога и Isaaak синагогата, како и локалитетите каде е сниман еден од најдобрите филмови на сите времиња “Шиндлеровата листа”.

Аушвиц

На околу 50 километри западно од Краков се наоѓа малиот град Освјенчим кој после германската окупација на Полска во септември 1939, бил приклучен на Гераманија и името му било променето во Аушвиц. Ова место би паднало во заборав да не била нацистичката одлука да во овој дел се изгради концетрационен логор Аушвиц – Биркенау (подоцна и логор на смрта). Тука масовно се имаат носено Евреите и останатите народи и се имаат убивано на најсуров начин. Во логорот вкупно се депортирани 1,3 милион луѓе од различни делови на Европа. Од тој број, тука се имаат убиено 1,1 милион, од кои само милион биле Евреи. Најголем дел од жртвите биле убиени одма во гасните комори на Аушвиц II. Другиот дел од затворениците имаат умрено поради систематското гладување, принудната работа, неконтролираните епидемии, стрелање и во медицински експерименти. После Втората светска војна, местото е направено во музеј и прима преку милион посетители во текот на годината. Излетот трае три саати и вклучува посета на двата логора, Аушвиц I и Аушвиц II – Брикенау. Излетот на логорот е неизбежен дел при посетата на Краков.

Понуда на неделата