Кефалонија | Лето 2018

Кефалонија | Лето 2018

СместувањеТип на сместување07.07.-18.07.16.07.-27.07.25.07.-05.08.03.08.-14.08.12.08.-23.08.21.08.-01.09.
Louisa Apartment 2*
1/3
1/2
РАСПРОДАДЕНО
255€
РАСПРОДАДЕНО
285€
РАСПРОДАДЕНО
285€
РАСПРОДАДЕНО
275€
РАСПРОДАДЕНО
265€
РАСПРОДАДЕНО
255€
Astir Studios 2*
1/2255€285€285€275€265€255€
Alekos Studios 2*
1/4
1/3
245€
255€
275€
285€
275€
285€
265€
275€
255€
265€
245€
255€
Kiki Studios & App 2*
1/6
1/2
235€
255€
265€
285€
265€
285€
255€
275€
245€
265€
235€
255€

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-83Денови -4Часови -19Минути -50Секунди


Total Sale за Кефалонија 2018:

  • До 18.06. (сабота) Total Sale за терминот 07.07.-18.07..
  • За терминот 07.07.-18.07. попуст од 60 евра по лице
  • Последни места во продажба па затоа резервирај си го своето место на следниот линк http://balkanfun.mk/totalsale/
  • Со резервација од 2000 денари резервирај си го своето место.

Опис на дестинацијата и фотографии

КЕФАЛОНИЈА

Кефалонија е најголем остров во Јонското море, сместено јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос. Кефалонија е грчки остров, кој ќе Ве маѓепса на прв поглед. Обалата му е преполна со заливи. Плажите претежно се каменести и песочни. Тоа што со сигурност е загарантирано е кристално чистото море! Кефалонија е остров со чудесни пејсажа, преубави плажи, симпатични места, љубезни домаќини, остров на мирот и спокојот, кое ќе Ве натера повторно да го посетите.

Порос е едно од најубавите и најатрактивните места на Кефалонија. Сместен е во подножјето на планините Атрос и Пахни и окружен е со бујна вегетација. Не е класично туристичко летувалиште, повеќе е активно градче и пристаниште во кое доаѓаат туристи највеќе од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е одалечен 41км, а до Скала 12 км. Порос ги има скори сите содржини, од убави плажи, романтични шеталишта, до најубавите таверни и ресторани на Кефалонија, односно продавници, бутици и сувенирници. Порос е сместен во југоисточниот дел на островот Кефалинија, е тоа е трето пристаниште на островот од кое тргнуваат траектите за Пелопонез.

Дали знаете?

  • Национален танц на жителите на Кефалинија е познатиот “balos” – танц на орели, кој со слична кореографија може да се види кај жителите на Киргистан.
  • Кефалонија најчесто се поврзува со книгата и филмот “Мандолинат на Капетанот Корели”. Филмот е снимен на островот во 2001 година, а главни актери биле Николас Кејџ и Пенелопа Круз.
  • Најубава плажа на островот е позната Myrthos Beach, која е заштитен знак на островот. Плажата е 12 пати прогласувана за најубава плажа во Грција. Бојата на водата е тиркизна…
  • Се збори дека и Момо Капор има летувано на овој остров.
  • Едно од географските чуда на Кефалонија е езерото Мелисани, кое според легендите името го има добиено по нимфата Мелисани, која се има удавено во истото поради невозвратената љубов од богот Пан.
Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Сместување на база 9 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Кефалонија/Порос
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
  • Превоз со брод на релација Килини – Порос – Килини
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 500 денари – се плаќа во агенција
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2*  – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.
Програма за патувања

1.Ден / Скопје – Македонија – Грција:

Состанок на групата на договорена локација во Скопје, тргнување во попладневните часови. Следува возење преку Македонија и Грција со кратки паузи поради одмор, како и за регулирање на граничните формалности.

2 – 10.Ден / Кефалонија:

Во утринските часови пристигнување на пристаништето Килини. Следува трансфер со траект до Кефалонија. Пристигнување на преубавата Кефалонија во претпладневните часови и следува краток трансфер до сместувањата. На најголемиот остров на Јонското море ќе поминеме во наредните 10 дена. На островот не очекуваат сјајни факултативни излети. Преку ден ќе уживаме на најубавите плажи, ќе го посетиме чудесното езеро Мелисани, а навечер ќе се проводиме во клубовите до раните утрински саати. На Кефалонија очекувајте го неочекуваното…

11.Ден / Kефалонија – Грција – Македонија:

Во утринските часови следуба напуштање на сместувањата и следува пакување на куферите во автобус. Слободно време. Трансфер до пристаништето каде следува возење со траект, од каде продолжуваме со патувањето преку Грција со попатни паузи за одмор и регулирање на граничните формалности…

12.Ден / Македонија – Скопје:

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Пријава, плаќање и напомена

Напомена:

  • Наведените цени од табелата се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН (СМЕСТУВАЊЕ, ТРАЕКТ, ПРЕВОЗ) за тргнување од Скопје.
  • За патниците кои организизираат превоз во сопствена режија, наведените цени на аранжманот од табелата се намалува за 30 евра.
  • Ве молиме пред да го склучите договотот за патување да се запознаете со програмата на патувањето, со општите услови за патување на Т.А Балкан Фан Македонија и со општите услови на меѓународното осигурување.
  • Сместувањето од оваа програма е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација во земјата во која престојуваме.

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 2000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.

Чудесните плажи на Кефалонија

Најубавот што може да го понуди Кефалонија, се секако нејзините плажи. На најубавите од сите ќе поминеме дури 4 дена. Ќе ги посетиме вистинските бисери на Кефалонија: Myrthos, Antisamos, Skala и Xi Orange.

На плажите нема само да уживаме на песокот и да се бањаме во кристално чистото море, туку ќе учествуваме во разни спортски натпревари, спортови на вода и игри без граница. Понесете си пешкир и забавата може да почне.

Крстарење до Итака

Ова ќе биде незаборавна авантура, следува целодневно крстарење по обалата на Кефалонија. Откако ќе ја откриеме убавината на овој остров, пристигнуваме на едно од најубавите острови Итака. На патото до градот Ватхи, ќе се бањаме во преубавиот залив. Според мештаните пристигнуваме во еден од најубавите градови на Јонското море.

Понуда на неделата