Кавос | Лето 2018

Кавос | Лето 2018

СместувањеТип на сместување02.07. - 10.07.09.07. - 19.07.18.07. - 28.07.27.07. - 06.08.05.08. - 15.08.14.08. - 23.08.
Villa Katerina 2*


1/4
1/3
1/2
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
99€
99€
119€
135€
145€
165€
Eleni Apartments 2*
1/3
1/2
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
99€
119€
x
x
Alexandra Apartments 2*
1/3
1/2
x
x
x
x
x
x
x
x
x
x
145€
165€
Angela (Lux) Apartments 3*+
1/4
1/3
X
X
X
X
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
X
X
X
X
X
X
Hristina Apartments 2*
1/5
1/4
1/2
X
X
X
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
X
X
X
X
X
X
X
X
X
Alexandra Villas 2*
1/5
1/4
1/3
1/2
X
X
X
X
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
99€
119€
X
X
X
X
Teris Studios 2*
1/2XРАСПРОДАДЕНОРАСПРОДАДЕНОXXX
Twins Apartments 2*
1/4
1/3
X
X
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
X
X
X
X
X
X

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-142Денови -5Часови -21Минути -8Секунди



Last Minute за Лето 2018:

  • Последни места за терминот 18.07.-28.07..
  • За терминот 18.07.-28.07. цени од 99 евра.
  • Со резервација од 2000 денари резервирај си го своето место.

Опис на дестинацијата и фотографии

КАВОС

КРФ – Второ по големина, од седумте поголеми јонски острови, а воедно и едно од најубавите грчки острови. Крф се наоѓа во Јонското море, кое е дел од Средоземното море, а северно се спојува со Јандранското море. Покрај тоа што има инзвонредни услови за развој на летниот туризам, тука е и прочуениот стар град Крф, преку кој лесно може да се примети влијанието на Западот. На самиот Крф се наоаѓа меѓународен аеродром како и универзитет, на кој се студира историја, музика, јазици.

 

КАВОС – Скриената оаза на дивата и луда забава, која се наоѓа на југот од островот, само на неколку километри од пристаништето Лефкими. На островот се стигнува со траект од Игуменица, а патувањето трае околу 60 минути. Кавос е оддалечен од главниот град околу 40 километри. Кавос ја има една од најдолгите песочни плажи на островот. Преку илјада млади секоја година го избираат Кавос како своја дестинација, позната по добриот провод, бројните клубови, барови, ресторани и дискотеки. Преставува најатрактивно место кое е синоним за забава и ќе ги задоволи вашите потреби, како за одмор, така и за одличен и незаборавен провод.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Сместување на база 7 или 9 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Кавос/Крф
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Кавос – Скопје
  • Превоз со брод на релација Игуменица – Лефкими – Игуменица
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 450 денари (за 9 ноќевања) и 350 денари (за 7 ноќевања) – се плаќа во агенција
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2*  – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.
Програма за патувања

ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ 9 НОЌЕВАЊА:

1.Ден / Скопје – Грција:

Скопје, појдовна точка на нашето патување. Пред нас е ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2.-10.Ден / Игуменица – Кавос:

Во утринските часови пристигнување на пристаништето Игуменица. Влегување на траект и пловење до островот Крф (околу 60 мин.). По пристигнувањето на островот трансфер до хотелот или вилата. Зелениот остров, опкружен со кристално чисто море ќе биде наш домаќин наредните 10 дена. Неговите плажи се вбројуваат меѓу најубавите плажи во светот, од бескрајни и преубави песочни обали до скриени заливи. Старата венецијанска и англиска архитектура, тесните улички, големиот број на туристи, кафе барови, клубови, giftshoops, романтичните заоѓања на сонцето ќе ги задоволат сите ваши вкусови. Одморот ќе го пополните со посета на главниот град Крф, еден од најубавите градови во Грција, преку ден ќе лудувате на најголемата и најубавата плажа Глифада, а местото Кавос, каде што журките трајат деноноќно, ќе се погрижи за недостаток на сон и лудило до раните утрински часови.

11.Ден / Кавос – Игуменица – Скопје:

Ги пакуваме куферите и го напуштаме хотелот/апартманот. Слободно време до попладневните часови за кога е предвидено враќање за Игуменица, затоа искористете да се опростите со островот на свој начин. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во доцните вечерни часови.

ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ 7 НОЌЕВАЊА:

1.Ден / Скопје – Грција:

Скопје, појдовна точка на нашето патување. Пред нас е ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2.-7.Ден / Игуменица – Кавос:

Во утринските часови пристигнување на пристаништето Игуменица. Влегување на траект и пловење до островот Крф (околу 60 мин.). По пристигнувањето на островот трансфер до хотелот или вилата. Зелениот остров, опкружен со кристално чисто море ќе биде наш домаќин наредните 10 дена. Неговите плажи се вбројуваат меѓу најубавите плажи во светот, од бескрајни и преубави песочни обали до скриени заливи. Старата венецијанска и англиска архитектура, тесните улички, големиот број на туристи, кафе барови, клубови, giftshoops, романтичните заоѓања на сонцето ќе ги задоволат сите ваши вкусови. Одморот ќе го пополните со посета на главниот град Крф, еден од најубавите градови во Грција, преку ден ќе лудувате на најголемата и најубавата плажа Глифада, а местото Кавос, каде што журките трајат деноноќно, ќе се погрижи за недостаток на сон и лудило до раните утрински часови.

8.Ден / Кавос – Игуменица – Скопје:

Ги пакуваме куферите и го напуштаме хотелот/апартманот. Слободно време до попладневните часови за кога е предвидено враќање за Игуменица, затоа искористете да се опростите со островот на свој начин. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во доцните вечерни часови.

Пријава, плаќање и напомена

Напомена:

  • Наведените цени од табелата се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН (СМЕСТУВАЊЕ, ТРАЕКТ, ПРЕВОЗ) за тргнување од Скопје.
  • За патниците кои организизираат превоз во сопствена режија, наведените цени на аранжманот од табелата се намалува за 20 евра.
  • Ве молиме пред да го склучите договотот за патување да се запознаете со програмата на патувањето, со општите услови за патување на Т.А Балкан Фан Македонија и со општите услови на меѓународното осигурување.
  • Сместувањето од оваа програма е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација во земјата во која престојуваме.

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 2000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.

ЖУРКА НА БРОД / Крстарење Blue Lagoon

Тоа е журка на отворено море, која е пратена со препознатливите звуци на Balkan Fun DJ-ви и ледените коктели, на еден од најувавите бродови кој е спремен да исплови за патниците од Summer fun. Воедно додека трае журката крстариме по Јонското море, застануваме да се разладиме во кристално чисто море. Искористите ја приликата да се избањате на една од најубавите плажи за време на паузата.

AQUA PARK

Aqua паркот (AGIOS IOANNIS) на Крф е еден од најголемите паркови во Европа, преставува огромен комплекс базени, и долги и брзи тобогани кои имаат ралични називи во зависност од карактеристиката – Црна дупка, Четири твистери, Камикази и многу други. Не ја пропуштајте единствената прилика да го осетите адреналинот на некој од неверојатните тобогани и да се опуштите со друштвото во еден од многубројните базени.

РАЗГЛЕД НА НАЈУВАВИТЕ ПЛАЖИ НА ОСТРОВОТ

Крф е познат по прекрасните плажи расфрлани по должината на ривијерата од 217 километри која го окружува островот. Повеќе од четириесет плажи се одликувани со плаво знаменце, симбол кој се доделува по исклучиво ригорозни критериуми за организирање на плажи и марини, од страна на општините, хотелите и другите туристички организации.

Плажата Marathias се наоѓа на западната страна од островот и по зборовите на мештаните е една од најубавите плажи на Крф. Преубава песочна плажа со тиркизно плаво и кристално чисто море, ќе пробуди во Вас желба да што подолго останате на ова место, каде што ќе организираме дневна журка во Wave bar и тоа 2 пати за време на престојот на Крф.

Glifada е едно од најатрактивните летувалишта на Крф и симбол на самиот остров кога се во прашање плажите. Современо приморско летувалиште со многу луксузни хотели, таверни и барови. Плажата Glifada со кристално чиста вода и ситниот зрнест песок ги исполнува сите критериуми за носител на Плаво знаменце. Најголема и за многу најубава плажа на островот. Вегетацијата и целокупниот амбиент ќе Ве натера бар за момент да заборавите на реалноста. Идеална е за гнурење заради многу интересетните подводни карпи и пештери во најсеверниот дел од плажата. Во близина на плажата постои терен за голф и коњички клуб, а во истиот регион се наоѓа и воден парк.

РАЗГЛЕД НА ГРАДОТ КРФ И ОСТРОВОТ ВИДО

Излет кој никако не смеете да го пропуштите, заради преубавата архитектура и романтика која ја поседува градот Крф. Крф е антички град, кој потекнува од осмиот век пред нашата ера. Во градот домираат две тврдини – Нова и Стара тврдина, црквата Св.Спиридон – заштитникот на Крф и венецијанската архитектура. Центарот на градот е плоштадот Esplanada, кој е градски плоштад, најголем на Балканот и еден од најголемите во Европа. Тесните, поплочени улички се преполни со раскошни вили, преубави згради, ресторани, таверни, работилници за сувенири. Градот Крф е со причина заштитен од страна на UNESCO.

Понуда на неделата