Иос | Лето 2018

Иос | Лето 2018

СместувањеТип на сместување03.07.-12.07.10.07.-19.07.17.07.-26.07.24.07.-02.08.31.07.-09.08.
Villa Nikos 1/6
1/4
239€
249€
249€
259€
269€
279€
269€
279€
239€
249€
Villa Panorama 2*
1/4
1/3
1/2
259€
269€
279€
269€
279€
289€
279€
289€
299€
279€
289€
299€
259€
269€
279€

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-83Денови -4Часови -18Минути -44Секунди


Голема акција за Лето 2018: 

  • До 16.06. (сабота) искористи ја акцијата 2+1 и 3+1, 2 лица односно 3 лица го плаќаат аранжманот.
  • Секое 3-то односно 4-то лице плаќа само превоз од 60 евра.
  • Местата се ограничени па затоа резервирај си го своето место на следниот линк http://balkanfun.mk/golemaakcijazalet%D0%BE2018/
  • Со резервација од 2000 денари резервирај си го своето место.

Опис на дестинацијата и фотографии

ИОС

Иос –Најпопуларниот остров помеѓу младите. Токму и тие го нарекуваат Грчката Ибица. Единствениот остров на кој забавата трае 24 часа. Островот е едно од најубавите места во Грција, но сето тоа е зачинето со луди журки и забави. Кога присуствувате на овој остров, едноставно енергијата која тој ја носи, ве тера да се впуштите во уживање на она што го имате пред вас и без размислување да ги создадете најдобрите спомени кои самиот остров може да ги создаде. Тоа ја оправдува информацијата дека островот го посетуваат преку 30.000 млади во летната сезона од целиот свет, и на големо наше задоволство за прв пат ќе биде посетено и од младите од Македонија. Не дозволувајте да ви прераскажуваат и да гледате слики како си поминавме, едноставно, впуштете се во ова што го нудиме само ние…

Покрај забавата,Иос важи и за остров кој е опколен со преубави плажи. Една од најстарите и најпопуларните плажи е Mylopotas, која е меѓу најубавите плажи на Егејското Море. Плажите на Иос, ќе ве остават без зборови и ќе направат да се чуствувате како да сте во рајот на земјата. Плажите се со ситен песок кои својата убавина ја споделуваат со кристално чистата вода. Едни од најпопуларните плажи на островот исто така се Mylopotas, Manganari, Jialos и Koubaras.

Колку и да продолжиме да ви го опишуваме ова преубаво место за журка и одмор нема да можеме да го доловиме она што го поседува островот кој е опколен со исто така најпопуларните острови: Миконос и Санторини (Mykonos, Santorini).

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Сместување на база 7 ноќевања во повеќекреветни апартмани/студија/соби/ во избраниот хотел или вила во Иос
  • Превоз со високо туритички автобус (AC/TV/DVD), на релација според програмата
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 400 денари – се плаќа во агенција
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2*  – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција
  • Превоз со траект на релација Атина-Иос-Атина – 60 евра
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.
Програма за патувања

1.Ден / Скопје – Македонија – Грција – Атина: 

Состанок на групата на договорено место во договорено време. Тргнување од Скопје за Иос.

2.Ден / Атина  – Иос (Брод):

Пристигнување на пристаниште во Атина во раните утрински часови. Поаѓање за Иос со фери брод. Пристигнување на Иос. Трансфер до хотел, сместување. Слободно попладне. Ноќевање.

2.Ден – 8. Ден / Иос:

Започнуваме со организацијата на најдобрата агенција за млади Balkan Fun во придружба со групацијата Balkan Fun и други странски агенции кои се подготвени да ви приредат и реализираат феноменална журка . Нашите лета се препознатливи по журките на брод, денските журки на Beach Bar-ови, ноќните журки и тематските забави… Едноставно, забавата ни е најјаката страна.

9.Ден / Иос – Атина – Грција: 

Ги пакуваме куферите и го користиме она слободно време што ни преостанува. Трансфер до пристаниште. Поаѓање за Атина. Пристигнување во Атина. Патувањето продолжува, но се разбира со журка во автобус се до Скопје.

10.Ден / Македонија – Скопје:

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Пријава, плаќање и напомена

Напомена:

  • Наведените цени од табелата се однесуваат на АРАНЖМАН (СМЕСТУВАЊЕ и ПРЕВОЗ) за тргнување од Скопје.
  • За патниците кои организизираат превоз во сопствена режија, наведените цени на аранжманот од табелата се намалува за 30 евра.
  • Ве молиме пред да го склучите договотот за патување да се запознаете со програмата на патувањето, со општите услови за патување на Т.А Балкан Фан Македонија и со општите услови на меѓународното осигурување.
  • Сместувањето од оваа програма е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација во земјата во која престојуваме.

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 2000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.

PATHOS SUNSET BAR & MANGANARI BEACH

Плажата Manganari која не е класична плажа која продолжува во континуитет, туку се работи за серија од мали заливи односно повеќе мали плажи една до друга. Фасцинира со својата природна убавина, кристилно чиста вода со тиркизна боја и ситен песок. Одлично место каде можете да го поминете вашиотден и да пробате некој од водените спортови. Едно од најатрактивните места за посета на Иос, целокупниот амбиент барем за момент Ве заробува со својата убавина, терајќи Ве да заборавите на реалноста.

Pathos sunset bar – Барот е направен на сртот од самото брдо на островот. Местоположбата Ви го нуди најубавиот поглед на зајдисонцето што некогаш сте можеле да го замислите. Ќе имате прилика да ги направите најдобрите фотографии од вашиот одмор. Поседува карактеристичен дизајн кој ќе Ве остави без зборови. Ова место мора да го посетите!

КРСТАРЕЊЕ СО БРОД

Ќе уживате во неверојатните пејсажи и убавини кои ги пружа островот Иос, ќе ги видите преубавите диви плажи и места од кои ќе Ви застане здивот, неверојатните и преубави места кои се заобиколени со тиркизно кристално чиста вода. Фотографиите од овие места се синоним за прекрасно поминат релаксирачки ден и за грчкиот туризам. Секако во текот на денот ќе застануваме повеќе пати поради фотографирање, и бањање на сите овие преубави локалитети.

SUMMER FUN DISCOUNT PARTY АЛКА

SUMMER FUN PARTY DISCOUNT АЛКАТА која има традиција, има дава на BALKAN FUN патниците полно попусти на ова патување, но пред се Ви овозможува влез на официјалните забави на BALKAN FUN. Ви овозможува бесплатен влез на сите официјални журки на Summer Fun кои се одржуваат во дискотеките Far Out, Red Bull, Trafic, Sweet Irish, Flames, Crazy Viking… Summer Fun Discount алката Ви обезбедува и попусти во ресторани, таверни, beach bar-ови… Со алката добивате официјална Summer Fun маица за незаборавни спомени од море…

Понуда на неделата