1.Ден 30.12.2019. / Скопје – Србија – Хрватска – Словенија – Италија:
Состанок на групата на договорено во претпладневните часови. Следува возење преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија со попатни паузи заради освежување и регулирање на граничните и царински формалности.
2.Ден 31.12.2019. / Италија – Милано:
Пристигнување во Милано во претпладневните часови. По пристигнувањето следува прошетка на градот: замокот Sforca, Миланската катедрала, Галеријата Виторија Емануела, Миланската опера… После разгледот следува сместување во хотел. Во вечерните часови факултативен дочек на Нова година во некој од многубројните кафичи или плоштади. Ноќевање.
3.Ден 01.01.2020. / Милан – Лугано – Швајцарија (факултативно):
Појадок. Слободно време за индивидуални активноси или можност за факултативен излет во Лугано, во преубавата Швајцарија. По пристигнувањето во Лугано следува разгледување на градот: катедралата Св. Лоренцо, црквата Св. Марија од Анѓел од XVI век, Градскиот парк, Плоштадот реформа… Слободно време за уживање во чистиот воздух и сонцето во Лугано. Враќање за Милано. Слободо време за индивидуални активности. Ноќевање.
4.Ден 02.01.2020. / Милано – Езерото Комо (факултаивно) – Италија – Словенија – Хрватска – Србија:
Покадок. Напуштање на хотелот и пакување на работите во автобус. Слободно време во Милано или можност за факултативен излет на Езерото Комо. Комое трето по големина езеро во Италија. Едно од најпознатите монденски места во Италија… По пристигнувањето разглед на градот: плоштадот и катедралата Duomo, плоштадот и црквата San Fedele, храмот Александар Волте… Слободно време за прошетка и релаксација или можност за факултивно возење со брод по ова преубаво италијанско езеро. Во попладневните часови враќање за Милано и продолжување на патувањето за Скопје. Ноќно возење низ Словенија, Хрватска и Србија.
5.Ден 03.01.2020. / Македонија-Скопје:
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.