ГРАНИЦИТЕ КОНЕЧНО СЕ ОТВАРААТ!

ГРАНИЦИТЕ КОНЕЧНО СЕ ОТВАРААТ!

Летото кое долго го чекавме, конечно ни пристигнува. Повторно ќе патуваме заедно!

Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата денеска донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на PCR тест, и без упатување во домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

Во Грција од 1 јули ќе биде дозволен влез за сите македонски државјани, без PCR тест и без карантин.

Ние знаеме колку долго го очекувавте ова и колку долго мислевте на летните денови, плажа, сонце, добра музика и одлична екипа. Поради тоа припремивме невидено поволни понуди за летување во Грција.

Време е да се надокнадат сите пропуштени авантури и максимално да се ужива во магијата што ја носи летото.
Ваше е само да ја соберете екипата, одберете посакуваната дестинација и да ја зграбите најповолната понуда за оваа сезона која сепак ќе ја имаме!
Ве чекаме во нашите канцеларии, каде можете да го резервирате вашето летување со пријава од само 2000 денари, додека остатокот се плаќа до терминот на патувањето.

Дали твојот куфер е веќе подготвен за најочекуваното лето 2020?

Понуда на неделата