ЕВИА
Островот Евиа во последните неколку година станува познато како нова туристичка дестинација со непроменето природно окружување. Преубаво место за одмор, со долги каменасто песочни плажи, борова шума, плантажи за маслинки, смокви и фстаци. Богата флора и фауна, поволните климатски услови, долгата сезона, многуте преубави плажи и доста богати термални води, ја прават Евија едно од најпопуларните дестинации и помеѓу самите Грци.
Edipsos, или како уште го нарекуваат Lutra Edipsos е најпознат, а воедно и најстара бања во Грција, а карактеристична е по термалните води. Во прилог на тоа што е меѓу најстарите бањи, иде и тоа што се споменува во делата на грчкиот филозов Аристотел. Во време на римското владеење ги угостил и римските императори Хадријан, Септимиј Север и Марко Аурелијо. Од тоа време се познатите римкси купатила – Сила. Бањата ја срушил византискиот император Теодосиј како објект за собирање на пагани. Денес градот има околу десет илјади жители, 198 хотели од кои се 18 со спа програми. Едипсос е едно од најпознатите бањски лекувалишта во Грција, кое е познато по своите термални извори, кои се сливаат директно во морето со температура од 34 до 70 степени. Самиот Едипсос е убаво развиено туристичко место, кое нуди добри сместувачки капацитети, како и многу кафичи, ресторани и останати пропрадни туристички содржини. Самиот факт да градот живее и преку лето и зима го прави идеален за посета во текот на целата сезона.