Евиа | Лето 2018

Евиа | Лето 2018

СместувањеТип на сместување11.07. - 21.07.20.07. - 30.07.29.07. - 08.08.07.08. - 17.08.
Oneiro Studios 3*


1/4
1/3
1/2
150€
155€
175€
160€
165€
185€
160€
165€
185€
150€
155€
175€
Nikos Rooms 2*
1/3
1/2
145€
165€
155€
175€
155€
175€
145€
165€

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-83Денови -4Часови -5Минути -32Секунди


Опис на дестинацијата и фотографии

Евиа

Островот Евиа во последните неколку година станува познато како нова туристичка дестинација со непроменето природно окружување. Преубаво место за одмор, со долги каменасто песочни плажи, борова шума, плантажи за маслинки, смокви и фстаци. Богата флора и фауна, поволните климатски услови, долгата сезона, многуте преубави плажи и доста богати термални води, ја прават Евија едно од најпопуларните дестинации и помеѓу самите Грци.

Edipsos, или како уште го нарекуваат Lutra Edipsos е најпознат, а воедно и најстара бања во Грција, а карактеристична е по термалните води. Во прилог на тоа што е меѓу најстарите бањи, иде и тоа што се споменува во делата на грчкиот филозов Аристотел. Во време на римското владеење ги угостил и римските императори Хадријан, Септимиј Север и Марко Аурелијо. Од тоа време се познатите римкси купатила – Сила. Бањата ја срушил византискиот император Теодосиј како објект за собирање на пагани. Денес градот има околу десет илјади жители, 198 хотели од кои се 18 со спа програми. Едипсос е едно од најпознатите бањски лекувалишта во Грција, кое е познато по своите термални извори, кои се сливаат директно во морето со температура од 34 до 70 степени. Самиот Едипсос е убаво развиено туристичко место, кое нуди добри сместувачки капацитети, како и многу кафичи, ресторани и останати пропрадни туристички содржини. Самиот факт да градот живее и преку лето и зима го прави идеален за посета во текот на целата сезона.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Сместување на база 9 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Едипсос-Евиа
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Едипсос – Скопје
  • Превоз со брод на релација Глифа – Евиа – Глифа
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 450 денари – се плаќа во агенција
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2*  – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.
Програма за патувања

1.Ден / СкопјеМакедонијаГрција:

Состанок на групата во вечерните часови на договорено место. Пред нас е ноќно возење преку Македонија и Грција со попатни паузи заради одмор, и регулирање на граничните формалности.

 2 – 10.Ден / ГрцијаЕвиаЕдипсос:

Пристигнување во Глифа во претпладневните часови. Трансфер со траект до Евиа. Сместување во хотел и вили. Едипсос е место кое на посетителите им пружа многу можности и кое како такво преставува одлична комбинација за одмор и одличен провод. Денот може да го искористите за уживање во сјајот на морето, сонцето и песокот на преубавите плажи на Евиа и за полнење на батериите за проводот во вечерните часови. Едипсос е едно од најпознатите бањски лекувалишта во Грција, кое е познато по своите термални извори, кои се сливаат директно во морето со температура од 34 до 70 степени. Самиот Едипсос е убаво развиено туристичко место, кое нуди добри сместувачки капацитети, како и многу кафичи, ресторани и останати пропрадни туристички содржини.

11.Ден / Едипсос – Евиа – Грција – Македонија – Скопје:

Напуштање на сместувачките капацитети во утринските часови. Слободно време за индивидуални активности. Возење преку Грција и Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Пријава, плаќање и напомена

Напомена:

  • Наведените цени од табелата се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН (СМЕСТУВАЊЕ, ТРАЕКТ, ПРЕВОЗ) за тргнување од Скопје.
  • За патниците кои организизираат превоз во сопствена режија, наведените цени на аранжманот од табелата се намалува за 20 евра.
  • Ве молиме пред да го склучите договотот за патување да се запознаете со програмата на патувањето, со општите услови за патување на Т.А Балкан Фан Македонија и со општите услови на меѓународното осигурување.
  • Сместувањето од оваа програма е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација во земјата во која престојуваме.

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 2000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.

Скијатос и плажа Кукунариес

Од пристаништето Пефки со брод идеме до феноменалната песпчна плажа Кукунариес, каде ќе се бидеме 3 саати. После тоа идеме во главниот град на островот кој е одалечен 30 минути возење со брод, каде остануваме следните 3 саати и имаме слободно време за разгледување на градот. Во градот може да ја посетите црквата Св. Никола.

Журка на брод

Неизоставен дел од посетата на Евиа е целодневното крстарење со брод. Замислете го спојот на морето, сонцето и добрата музика и големито број млади луѓе на бородот кој нас не вози по скриените плажи и заливи околу Евиа. Добрите вибрации, позитивната енергија пропратена со најдобра музика, за која ќе бидата задолжен нашиот DJ, ќе не пратат во текот на целото крстарење.

Најубавите плажи на Евиа

Доживеете ги со нас неописливо убавите плажи на Евиа. За Вас ги спремиве некои од најубавите плажи на овој острово. Море, сонце, песок и кристално чиста вода… Одморот може да почне.

Понуда на неделата