ЕФТИНИ РЕСТОРАНИ ВО ЗАКИНТОС А СО ПРЕФКУСНА ХРАНА…

ЕФТИНИ РЕСТОРАНИ ВО ЗАКИНТОС А СО ПРЕФКУСНА ХРАНА

Секогаш се очекува дека летото на Закинтос ќе биде лудо и незаборавно и преполно со незаборавни моменти и нормално летни авантури. Кои во животот секогаш ќе ве потсеќаат на одлична младост. Кога патувате на Закинтос, најмногу се размислува во кои клубови ќе се излегува, и кои коктели ќе се пробаат. Меѓутоа по лудите вечери и целодневното фаќање на боја на сите нас ни треба некој добар и вкусен оброк.

Еве кои ресторани доколку ова лето одлучите да отпатувате на Закинтост морате да ги посетите и да ја пробате нивната вкусна и тадиционална храна.

#Panos (Лаганас)

Овој ресторан најдобро го одржува духот на Лаганс, град кој живее 24 часа, и е единствен град со такво темпо на овој остров. Овде ќе најдете одлична храна по најниски цени. Вработените се премногу љубезни и пријателски настроени. Колку е добар овој ресторан сведочи постојаната гужва од туристи кои го посетуваат овој ресторан секојдневно. Единствена мана на овој ресторан е тоа што кога ќе се одите ќе се осеќате како да се двоите од семејството, баш поради добарата услуга и пријателскиот пристап на сите вработени.

Храна: Грчка кујна, скара, медитеранска храна

Локација: Улица Kalamaki, Laganas 290 92, Zakintos, Grčka;

 

#2 Tazies (Kalamaki)

Фантастично место за јадење доколку ве интересираат и цените за храната и сакате што повеќе пари да трошите на лудите проводи во Лаганас, доколку се враќате бас од тие ноќни проводи сигурно ќе посакате да пробате еден добар бургер. Храната е свежо спремена, цените се ефтини а услугата беспрекорна. Служат најдобар гирос и тоа само за 2 евра бас поради што сте патници на Балкан Фан.

Исто така ако ви е доста од грчката храна, можете да ги пробате и уживате во англиските пити и грашак. Сопственикот е стварно многу кул тип, секогаш е расположен и да ви спреми нешто по ваш вкус а што не е во менито на овој ресторан.

Храна: грчка и британска храна, брза храна со опција и да седнете.

Локација: Главниот пат, Kalamaki 723 00, Zakintos, Grčka;

#3 Porto Paradiso (Alykes)
Ако сакате да се осеќате како да летувате на Карибите, иако и закинтос не е далеку од тоа, ова е право место за вас. Ентериерот, поглед на плажа и пријатна музика, сетоа ова може да ве збуни и да се запрашате дали на Закинтос се наоѓате. Дворот е прекрасен, и има место во ладовина да го јадете вашиот оброк. Доколку не сакате ни малку да пропуѓтите од времето за фаќање боја, не се гриѓите има и лежалки кои можете да ги користите само за 6 евра.
Без разлика дали сте гладни или жедни овој ресторан нема да ве разочара.храната е перфектна, и нормално со пристојна цена, исто така можете тука да се напиете грчко пиво Митос за само 2 евра. Одлично место за да се одморите од бурната ноќ.
Храна: грчка / европска / медитеранска кујна, вегетеријанска храна.
Локација: Плажа, Alykes 290 90, Zakintos, Grčka;
#4 Seaside ресторан на плажа (Laganas)
Уште еден ресторан со опуштачки поглед во плавилото на Јонското море. Уживајте во преубавата храна и љубезна услуга, додека брановите се слушаат како се прекршуваат на плажата. Ако присакате море, доволно е да се прошетате неколку метри до обалата.
За во овој ресторан препорачуваме пржени љигњи. Можеби тука храната малку повеќе ќе ја чекате од вообичеано, но верувајте дека секоја минута се исплати кога ќе ги пробате нивните морски специјалитети.
Храна: грчка / морска / медитеранска кујна
Локација: Плажа Лаганас, Laganas 291 00, Zakintos, Grčka;
#5 Sizzlebang Grill by Gyors (Laganas)
Ресторан кој нуди многу појше од тоа што изгледа на прв поглед. Иако не изгледа како класичен грчки ресторан, храната која се служи е повеќе него традиционална. Изборот на храната е преголем и е прилагоден на секој вкус. Секој ден има некој посебен грчки специјалитет.
Вработените се премногу љубезни, храната е ефтина и вкусна што е најбитно. Нема причина да не го посетите овој ресторан доколку барате добра храна по поволни цени.
Храна: грчка / мексичка / британска кујна / брза храна
Локација: Каламаки, Laganas 290 92, Zakintos, Grčka;
Ако сте во дилема кој од овие да го посетите, негрижете се, кој од овие и да го одберете на почеток ќе се заљубите во неговата храна и нормално што на овој остров и е најбитно, повеќе пари ќе ви останата за луди и незаборавни проводи на Балкан Фан дневните и ноќни журки.

Понуда на неделата