Букурешт | Велигден 2018

Букурешт | Велигден 2018

СместувањеТип на сместување05.04. - 09.04.
Hotel Elizeu 3*


1/3 со појадок
1/2 со појадок
119€
129€

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


08Денови 22Часови 40Минути 39Секунди


Опис на дестинацијата и фотографии

Букурешт

Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен или грандиозен Европски главен град со беспрекорно зачувана архитектура. Но, со причина се нарекувал „Малиот Париз“, скриен во градината на Карпатите, а во денешно време се повеќе може да се нарече „Мал Берлин“ со својот богат културен и ноќен живот.
Главниот град на Романија е исполнет со мешавина од огромни историски градби, брутални комунистички блокови и модерни дизајни од 21от век. Овој град многу брзо го граби вниманието како конкурентен на сите популарни city break дестинации , претставувајќи се со својот чудесен спој на модерна Европа и егзотичниот Исток. Букурешт е слика на контрасти преточени во метропола со живописен карактер!
Кога светот би бил една голема сцена,тогаш Букурешт има заслужено место под рефлекторот. Љубов, предавништво, освојување од Руски цареви, Француски ваудевил, Венецијански трговци, Грчка трагедија, 2 големи пожари – Букурешт доживеал се!
Овој град е најдобар пример за нејасната врска меѓу Отоманската империја и Романската земја.Иако никогаш не бил Отомански град, дели многу од аспектите со градовите од таа област и влијанието на империјата. Еден од тие аспекти била дивизијата Махалас. Махалас биле мали квартови во градот кои поттикнувале градење на религиозни згради во кои најчесто се населувала хомогена заедница на луѓе кои припаѓаат на иста етничка,социјална или религиозна група. Како што растел градот, овие квартови прераснувале во големи населби кои поднеле бран на модернизација и уништување во периодот на комунизмот.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • 3 Ноќевања со појадок во Хотел Elizeu Букурешт 3***
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 250 денари – се плаќа во агенција
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.
Програма за патувања

1.Ден: 05.Април 2018. / Скопје – Бугарија – Романија:

Состанок на групата на договорено место во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија и Романија со попатни паузи поради одмор и регулирање на граничните и царински формалности.

2.Ден: 06.Април 2018. / Романија – БУКУРЕШТ:

Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со водич и запознавање со градот (Парламентот, Операта, Националната банка, стариот дел од градот…). После разгледот на градот, сместување во хотел. Во попладневните часови можност за факултативна посета на еден од најголемите Спа центри во Европа Therme Bucuresti. Ноќевање.

3.Ден: 07.Април 2018. / Букурешт – БРАШОВ – замокот на грофот Дракула (факултативно):

Појадок. По појадокот можност за факултативен излет на најголемиот град на Трансилванија – Брашов и факултативен разглед на еден од најголемите дворци во Источна Европа, замокот Бран (во придружба на водич), во кој во 1462 година бил затворен Влад Цапеш (гроф Дракула). Слободно време за индивидуални активности и разглед на градот. Во попладневни часови враќање за Букурешт. Ноќевање.

4.Ден: 08.Април 2018. / Букурешт – СИНАИА – замокот Пелеш (факултативно) :

Појадок. По појадокот можност за факултативен излет на Синаиа и замокот Пелеш. Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновековна патека помеѓу Трансилваниа и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал, е комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки,канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло,таписерии, кинески порцелан… Преку 6,000 парчиња кои ви го одземаат здивот. Во попладневниот часови враќање за Букурешт.  Ноќевање.

 5.Ден: 09.Април 2018. / Букурешт – Романија – Бугарија – Македонија – Скопје:

Појадок. Можност за посета на некој од шопинг центрите во Букурешт. Слободно време за индивидуални активност. Во претпладневните часови тргнување за Скопје. Пристигнување до Скопје во вечерните часови.

Пријава, плаќање и напомена

Начин на пријавување:

  1. Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  2. Со доаѓање во агенција
  3. Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 2000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

БРАШОВ И БРАН  “домот на Дракула”

Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско.

Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.

СИНАИА И ДВОРЕЦОТ Пелеш

Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновековна патека помеѓу Трансилваниа и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал. Комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии.

СПА ЦЕНТАР Therme Bucuresti

Лоциран е на 15 минути од Букурешт. Дизајниран по најмодерни стандарти за СПА центрите. Одлична можност за опуштање од секојдневните обврски. Температурата во самиот центар е 29-30 степени, додека на водата е 33 степени во секој месец во годината. Термалната вода од длабочините на земјата овозможува да функционираат 9 базени, 6 сауни, 4 влажни сауни и 16 водопади.

Понуда на неделата