Букурешт | Нова Година 2019

Букурешт | Нова Година 2019

СместувањеТип на сместување30.12. - 02.01.
Hotel Elizeu 3*


1/3 со појадок
1/2 со појадок
119€
129€

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-395Days -3Hours -19Minutes -39Seconds


ULTRA LAST MINUTE!

  • Попуст од 30 € по лице!
  • Последни места во продажба!

Опис на дестинацијата и фотографии

Букурешт

Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен или грандиозен Европски главен град со беспрекорно зачувана архитектура. Но, со причина се нарекувал „Малиот Париз“, скриен во градината на Карпатите, а во денешно време се повеќе може да се нарече „Мал Берлин“ со својот богат културен и ноќен живот.
Главниот град на Романија е исполнет со мешавина од огромни историски градби, брутални комунистички блокови и модерни дизајни од 21от век. Овој град многу брзо го граби вниманието како конкурентен на сите популарни city break дестинации , претставувајќи се со својот чудесен спој на модерна Европа и егзотичниот Исток. Букурешт е слика на контрасти преточени во метропола со живописен карактер!
Кога светот би бил една голема сцена,тогаш Букурешт има заслужено место под рефлекторот. Љубов, предавништво, освојување од Руски цареви, Француски ваудевил, Венецијански трговци, Грчка трагедија, 2 големи пожари – Букурешт доживеал се!
Овој град е најдобар пример за нејасната врска меѓу Отоманската империја и Романската земја.Иако никогаш не бил Отомански град, дели многу од аспектите со градовите од таа области влијанието на империјата. Еден од тие аспекти била дивизијата Махалас. Махалас биле мали квартови во градот кои поттикнувале градење на религиозни згради во кои најчесто се населувала хомогена заедница на луѓе кои припаѓаат на иста етничка,социјална или религиозна група. Како што растел градот, овие квартови прераснувале во големи населби кои поднеле бран на модернизација и уништување во периодот на комунизмот.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • 2 Ноќевања со појадок во Хотел Elizeu Букурешт 3***
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 200 денари
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.
Програма за патувања

1.Ден / Скопје – Бугарија – Романија:

Состанок на групата на договорено место во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија и Романија со попатни паузи поради одмор и регулирање на граничните и царински формалности.

2.Ден / Романија – БУКУРЕШТ:

Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со водич и запознавање со градот (Парламентот, Операта, Националната банка, стариот дел од градот…). После разгледот на градот, сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Дочек на Новата година во некој од градските клубови. Ноќевање.

3.Ден / Букурешт – Парламент (факултативно):

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативна посета на Парламентот, најголема, најскапа и најтешка зграда во Европа, а втора по големи во светот после Пентагон. За нејзината градба биле ангажирани околу 700 архитекти, а изградена е во времето на Никола Чаучешко. По завршувањето на разгледот, следува слободно време за шопинг и ндивидуални активности. Во вечерните часови следува реприза на Нова година. Слободно време. Ноќевање.

4.Ден / Букурешт – БРАШОВ – замокот на грофот Дракула (факултативно) :

Појадок. Напуштање на хотелот. Продолжување на патувањето кон најголемиот град на Трансилванија – Брашов и факултативен разглед на еден од најголемите дворци во Источна Европа, замокот Бран (во придружба на водич), во кој во 1462 година бил затворен Влад Цапеш (гроф Дракула). Слободно време за индивидуални активности и разглед на градот. Во доцните попладневни часови тргнување за Скопје. Ноќњо возење кон Македонија преку Романија…

 5.Ден / Македонија – Скопје:

Пристигнување до Скопје во претпладневните часови.

Пријава, плаќање и напомена

Начин на пријавување:

  1. Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  2. Со доаѓање во агенција
  3. Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 2000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

БРАШОВ И БРАН  “домот на Дракула”

Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско.

Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.

Понуда на неделата