1.Ден / Скопје – Бугарија – Романија:
Состанок на групата на договорено место во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија и Романија со попатни паузи поради одмор и регулирање на граничните и царински формалности.
2.Ден / Романија – БУКУРЕШТ:
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со водич и запознавање со градот (Парламентот, Операта, Националната банка, стариот дел од градот…). После разгледот на градот, сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Дочек на Новата година во некој од градските клубови. Ноќевање.
3.Ден / Букурешт – Парламент (факултативно):
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативна посета на Парламентот, најголема, најскапа и најтешка зграда во Европа, а втора по големи во светот после Пентагон. За нејзината градба биле ангажирани околу 700 архитекти, а изградена е во времето на Никола Чаучешко. По завршувањето на разгледот, следува слободно време за шопинг и ндивидуални активности. Во вечерните часови следува реприза на Нова година. Слободно време. Ноќевање.
4.Ден / Букурешт – БРАШОВ – замокот на грофот Дракула (факултативно) :
Појадок. Напуштање на хотелот. Продолжување на патувањето кон најголемиот град на Трансилванија – Брашов и факултативен разглед на еден од најголемите дворци во Источна Европа, замокот Бран (во придружба на водич), во кој во 1462 година бил затворен Влад Цапеш (гроф Дракула). Слободно време за индивидуални активности и разглед на градот. Во доцните попладневни часови тргнување за Скопје. Ноќњо возење кон Македонија преку Романија…
5.Ден / Македонија – Скопје:
Пристигнување до Скопје во претпладневните часови.