Будва | Нова Година 2019

Будва | Нова Година 2019

СместувањеТип на сместување30.12. - 02.01.
Villa Pinjatic 1/4
1/3
1/2
59€
65€
69€

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-336Days -3Hours -20Minutes -1Seconds


Опис на дестинацијата и фотографии

Будва

Црна Гора и Будва постануваат популарни туристички дестинации во Европа во последните неколку години. Медитеранската обала, средновековниот дух и мирис на Јадранското море, се перфектни зборови со кои може да се опише овој мал град. Покрај возбудливиот ноќен живот и преубавите плажи, Будва ќе Ве однесе и во незаборавно патување низ историјата: Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, повеќе од 2500 години стара. Сместена е на мало полуострово, заштитена со еден дел од црните Црногорски планини.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • 2 Ноќевања во Villa Pinjatic во Будва
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 200 денари
  • Туристичка такса од 1 евро по ноќ
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.
Програма за патувања

1.Ден / Скопје – Албанија – Црна Гора – Будба:

Состанок групата на договорено место во раните утрински часови. Возење преку Албанија и Црна Гора со попатни паузи заради одмор и регулирање на граничните и царински формалности. Пристигнување во утрунските часови во еден од центрите на Јадранот – Будва. Сместување. Разглед на градот со водич. Слободно време. Во вечерните часови можност за факултативна посета во некој од бројните ноќни клубови. Ноќевање.

2.Ден / Будва – Porto Montenegro (факултативно):

Слободно време или можност за факултативна посета на Porto Montenegro – една од најлуксузните марини на Јадранското море. По разгледот на овој луксузен комплекс следува слободно време за индивидуални активности. Враќање во сместување. Во вечерните часови дочек на Новата година, факултативно во некој од клубовите. Ноќевање.

3.Ден / Будва – Дубровник (факултативно) :

Напуштање на хотелот. Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум  и преубавот Јадранско море… Слободно време. Во попладневните часови тргнување за Скопје. Ноќњо возење преку Црна Гора, Албанија.

 4.Ден / Македонија – Скопје:

Пристигнување до Скопје во утринските часови.

Пријава, плаќање и напомена

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 1000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.

Дубровник

Дубровник — град во јужниот дел на Хрватска, кој излегува на Јадранско Море, во регионот на Далмација. Дубровник е една од најпознатите туристички дестинации во Средоземно Море, пристаниште и седиште на Дубровничко-неретванската жупанија. Според податоците од пописот во 2011 година, Дубровник имал 42.615 жители. Во 1979 година, градот Дубровник бил вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.Пристигнување во Дубровник и разглед на стариот град Страдун со туристички водич: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Будва.

Порто Монтенегро / Тиват / Котор

Порто Монтенегро е новиот центар на џет сетот – Порто Монтенегро е сè во едно – уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус во едно. Главен инвеститор на целиот проект е канадскиот милијардер Питер Манк, бегалец од нацистичка Унгарија. Канадскиот милијардер за 3.26 милиони евра од владата на Црна Гора го купи целосно военото бродоградилиште “Арсенал” во Тиват и го претвори во марина за мега јахти и плац со површина од 24 хектари за изградба на станови наменети за продажба.Но, тоа повеќе воопшто не е така. Со никнувањето на првиот хотел со пет ѕвездички, The Regent, дури и Лорд Ротшилд и самиот изјавил дека се работи за вистинско чудо кое едноставно мора да се доживее.

Тиват и Котор се преубави монденски летувалишта кои со својата мистичност привлекуваат голем број туристи преку целата година. Tиват е приморски град во југозападниот дел на Црна Гора, сместен во Которскиот Залив.

Котор е крајбрежен град на Црна Гора и е познат по својата средновековна архитектура и пејзажи кои го одземаат здивот. Се наоѓа на работ на Которскот залив и се развил околу Стариот град, кој е ставен на листата на УНЕСКО на светско културно наследство.Котор, за првпат бил населен уште во време на античките Римјани и бил познат под називот Acruvium. Двесте години пред нашата ера, овој град бил дел од римската провинција Даламција. Стариот дел од градот е создаден кога императорот Јустинијан Први наредил да се изградат тврдините на Котор за да се заштити овој преубав град од напади. Котор е дестинација која раскажува приказни и која вреди да ја посетите доколку сте вљубеник во патувањата, откривањето на историјата и секако, на одличните плажи.

Понуда на неделата