Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.
Дубровник
Дубровник — град во јужниот дел на Хрватска, кој излегува на Јадранско Море, во регионот на Далмација. Дубровник е една од најпознатите туристички дестинации во Средоземно Море, пристаниште и седиште на Дубровничко-неретванската жупанија. Според податоците од пописот во 2011 година, Дубровник имал 42.615 жители. Во 1979 година, градот Дубровник бил вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.Пристигнување во Дубровник и разглед на стариот град Страдун со туристички водич: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Будва.
Порто Монтенегро / Тиват / Котор
Порто Монтенегро е новиот центар на џет сетот – Порто Монтенегро е сè во едно – уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус во едно. Главен инвеститор на целиот проект е канадскиот милијардер Питер Манк, бегалец од нацистичка Унгарија. Канадскиот милијардер за 3.26 милиони евра од владата на Црна Гора го купи целосно военото бродоградилиште “Арсенал” во Тиват и го претвори во марина за мега јахти и плац со површина од 24 хектари за изградба на станови наменети за продажба.Но, тоа повеќе воопшто не е така. Со никнувањето на првиот хотел со пет ѕвездички, The Regent, дури и Лорд Ротшилд и самиот изјавил дека се работи за вистинско чудо кое едноставно мора да се доживее.
Тиват и Котор се преубави монденски летувалишта кои со својата мистичност привлекуваат голем број туристи преку целата година. Tиват е приморски град во југозападниот дел на Црна Гора, сместен во Которскиот Залив.
Котор е крајбрежен град на Црна Гора и е познат по својата средновековна архитектура и пејзажи кои го одземаат здивот. Се наоѓа на работ на Которскот залив и се развил околу Стариот град, кој е ставен на листата на УНЕСКО на светско културно наследство.Котор, за првпат бил населен уште во време на античките Римјани и бил познат под називот Acruvium. Двесте години пред нашата ера, овој град бил дел од римската провинција Даламција. Стариот дел од градот е создаден кога императорот Јустинијан Први наредил да се изградат тврдините на Котор за да се заштити овој преубав град од напади. Котор е дестинација која раскажува приказни и која вреди да ја посетите доколку сте вљубеник во патувањата, откривањето на историјата и секако, на одличните плажи.