Будва | Лето 2018

Будва | Лето 2018

СместувањеТип на сместување05.07. - 13.07.12.07. - 20.07.19.07. - 27.07.26.07. - 03.08.02.08. - 10.08.
Villa Pinjatic 1/4
1/3
1/2
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
195€
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
119€
129€
139€
x
x
x
Villa Neza 1/4
1/3
1/2
x
x
x
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
119€
129€
139€
145€
155€
165€

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-142Денови -7Часови -13Минути -23Секунди


Total Sale за Лето 2018:

  • До 30.06. (сабота) Total Sale за термините 05.07.-13.07. и 12.07.-20.07..
  • За терминот 05.07.-13.07. цени од 115 евра по лице
  • За терминот 12.07.-20.07. попуст од 40 евра по лице
  • Последни места во продажба па затоа резервирај си го своето место на следниот линк http://balkanfun.mk/totalsale/
  • Со резервација од 2000 денари резервирај си го своето место.

Опис на дестинацијата и фотографии

Будва

Црна Гора и Будва постануваат популарни туристички дестинации во Европа во последните неколку години. Медитеранската обала, средновековниот дух и мирис на Јадранското море, се перфектни зборови со кои може да се опише овој мал град. Покрај возбудливиот ноќен живот и преубавите плажи, Будва ќе Ве однесе и во незаборавно патување низ историјата: Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, повеќе од 2500 години стара. Сместена е на мало полуострово, заштитена со еден дел од црните Црногорски планини.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Сместување на база 7 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во вила во Будва
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Будва – Скопје
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на аранжманот

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 350 денари – се плаќа во агенција
  • Туристичка такса за Будва од 1 евро по ноќ
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.
Програма за патувања

1.Ден / Скопје – Црна гора:

Состанок на групата во договорено време, на паркингот спроти Хотел Holiday INN. Пред нас е ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2.-7.Ден / Црна Гора – Будва:

Во утринските часови пристигнување Будва. По пристигнувањето во Будва следува сместување во сместувачките капацитети. Медитеранската обала, средновековниот дух и мирис на Јадранското море ќе ни бидат домаќини во наредните 7 дена. Будва ќе даде можност за совршен одмор пропратен со комбинација на дневен одмор и ноќен живот кој ова место Ви го овожува со своите клубови кои работат до утринските часови. Можности за посета на Дубровник, на прекрасните плажи кои ги нуди Јадранската обала и малце поинакво крстарење и запознавање на Бока Которска. Препуштете се на ова патување со нашата организација.

8.Ден / Будва – Црна Гора – Скопје:

Ги пакуваме куферите и го напуштаме сместувањето. Слободно време за индивидуални активности за прошетка и купување на сувенири. Денско и  ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во доцните вечерни часови.

Пријава, плаќање и напомена

Напомена:

  • Наведените цени од табелата се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН (СМЕСТУВАЊЕ, ПРЕВОЗ) за тргнување од Скопје.
  • За патниците кои организизираат превоз во сопствена режија, наведените цени на аранжманот од табелата се намалува за 20 евра.
  • Ве молиме пред да го склучите договотот за патување да се запознаете со програмата на патувањето, со општите услови за патување на Т.А Балкан Фан Македонија и со општите услови на меѓународното осигурување.
  • Сместувањето од оваа програма е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација во земјата во која престојуваме.

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 2000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.

Дубровник

Дубровник — град во јужниот дел на Хрватска, кој излегува на Јадранско Море, во регионот на Далмација. Дубровник е една од најпознатите туристички дестинации во Средоземно Море, пристаниште и седиште на Дубровничко-неретванската жупанија. Според податоците од пописот во 2011 година, Дубровник имал 42.615 жители. Во 1979 година, градот Дубровник бил вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.Пристигнување во Дубровник и разглед на стариот град Страдун со туристички водич: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Будва.

Порто Монтенегро / Тиват / Котор

Порто Монтенегро е новиот центар на џет сетотПорто Монтенегро е сè во едно – уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус во едно. Главен инвеститор на целиот проект е канадскиот милијардер Питер Манк, бегалец од нацистичка Унгарија. Канадскиот милијардер за 3.26 милиони евра од владата на Црна Гора го купи целосно военото бродоградилиште “Арсенал” во Тиват и го претвори во марина за мега јахти и плац со површина од 24 хектари за изградба на станови наменети за продажба.Но, тоа повеќе воопшто не е така. Со никнувањето на првиот хотел со пет ѕвездички, The Regent, дури и Лорд Ротшилд и самиот изјавил дека се работи за вистинско чудо кое едноставно мора да се доживее.

Тиват и Котор се преубави монденски летувалишта кои со својата мистичност привлекуваат голем број туристи преку целата година. Tиват е приморски град во југозападниот дел на Црна Гора, сместен во Которскиот Залив.

Котор е крајбрежен град на Црна Гора и е познат по својата средновековна архитектура и пејзажи кои го одземаат здивот. Се наоѓа на работ на Которскот залив и се развил околу Стариот град, кој е ставен на листата на УНЕСКО на светско културно наследство.Котор, за првпат бил населен уште во време на античките Римјани и бил познат под називот Acruvium. Двесте години пред нашата ера, овој град бил дел од римската провинција Даламција. Стариот дел од градот е создаден кога императорот Јустинијан Први наредил да се изградат тврдините на Котор за да се заштити овој преубав град од напади. Котор е дестинација која раскажува приказни и која вреди да ја посетите доколку сте вљубеник во патувањата, откривањето на историјата и секако, на одличните плажи.

Понуда на неделата