1.Ден / Скопје – Србија – Унгарија – Виена:
Тргнување во претпладневните часoви во договор со групата. Патување преку гр.премин Табановце, Србија, Унгарија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.
2.Ден / Виена – Австрија:
Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Слободно време за индивидуална прошетка во центарот на Виена. Во вечерните часови тргнување за Берлин.
3.Ден / Германија – Берлин:
Пристигнување во Берлин во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Берлинскиот Ѕид со уметнички дела (источна страна), плоштадот Александар со телевизиската кула, седиштето на ОстБанхоф (железничка станица на поранешниот источен Берлин), кварт Св. Николај, музејскиот остров, Берлинска катедрала, авенија Unter den Linden, Брандербуршка порта –горд симбол на поранешната престолнина на германската империја, Reichstag – германски парламент, улицата Fridrih.
Западен Берлин: зградата на германската влада, Tiergarten, Postdamer Platz, Kunstforum – Берлинска филхармонија, замокот Sarlotenburg, улицата Kudumm (најубавата и најексклузивна улица во Берлин), Checkpoint Charlie (поранeшен најпознат граничен премин помеѓу Источен и Западен Берлин), Еврејскиот музеј , Leipziger Strasse … Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
4.Ден / Берлин – Лајпциг – Дрезден – Берлин:
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативен излет во Лајпциг и Дрезден. Лајпциг се наоѓа на истокот на Германија и е најголемиот град во сојузната покраина Саксонија. Градот се наоѓа на списокот на 70-те најпосакувани градови во светот за живот и е една од десетте најпопуларни туристички дестинации на листата на „New York Times“. Ова е еден од најважните економски центри на Германија. Панорамски разглед: Железничката станица е една од градските атракции затоа што е најголемата железничка станица во Европа, Универзитетот за музика и театар Felix Mendelssohn, градското собрание, музејот Bah и црквата „Свети Томас“, црквата „Свети Никола“, ботаничкaта градинa (најстара ботаничка градина во Германија). Заминување за Дрезден – еден од најубавите германски градови кој гордо го носи епитетот „Фиренца на Елба“. Разглед на Катедралата, Операта, Zwinger, Bruhl’s Terrace, прошетка покрај реката Елба. Слободно време за индивидуални активности и шопинг, што во овој град претставува вистинско задоволство. Враќање во Берлин. Факултативна посета на некој од познатите берлински клубови. Ноќевање
5.Ден / Берлин – Потсдам – Берлин:
Појадок. По појадокот, слободно време за индивидуални активности или можност за факултативен излет во Потсдам. Сместен во близина на Берлин, познат по летната резиденција на кралот Фредерик Велики. Панорамски разглед на престолнината на сојузната држава Бранденбург: замокот Sanssusi (не е предвиден групен влез) – летна резиденција, палатата Sesilienhof (не е предвиден групен влез), мостот Gilenike (место за размена на шпиони во Втората светска војна), холандскa општинa, новa палатa … Слободно време. Враќање во Берлин. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативно возење со брод по реката Спри – поглед на Берлин од сосема друг агол. Факултативна посета на некој од берлинските клубови. Ноќевање.
6.Ден / Берлин – Прага – Чешка:
Појадок. Напуштање на хотелот и тргнување кон Прага. Пристигнување во Прага во попладневните часови, по што следи разглед на градот –Прашкиот дворец Hradcany, катедрлата St. Vito, Мала Страна, Карловиот мост, Староградскиот плоштад со астрономскиот часовник Орлој, Тинска црква, старата општинска зграда, плоштадот Вацлав… Слободно време за индивидуални активности. Тргнување за Македонија околу полноќ.
7.Ден / Унгарија – Србија – Скопје:
Пристигнување во Скопје во вечерни часови.