BALKAN FUN 2018

BALKAN FUN 2018

СместувањеТип на сместување28.04. - 01.05.
HOTEL ERATO INN 2*


1/6
1/5
1/4
1/3
1/2
РАСПРОДАДЕНО
39€
45€
49€
РАСПРОДАДЕНО

HOTEL SONIA 2*
1/5
1/4
1/3
45€
49€
55€
VILLA FRIDERIKI
1/5
1/4
1/3
1/2
39€
45€
49€
РАСПРОДАДЕНО
HOTEL VISSION 2*
1/4
1/3
1/2
45€
49€
РАСПРОДАДЕНО
HOTEL ZEUS 2*
1/4
1/3
45€
49€

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-224Денови -3Часови -11Минути -5Секунди


LAST MINUTE:

  • Последни 70 места во продажба!

Опис на дестинацијата и фотографии

BALKAN FUN

Balkan Fun е прво и најголемо party патување за млади на овие простори уште од 2009 година. Balkan Fun се одржува секоја година на пролет, за време на првомајските празници, на атрактивни туристички дестинации во окружувањето на кои се пренесува атмосферата од егзотичните дестинации како што се Ибица, Паг, Миконос и останатите познати party острови. На Balkan Fun забавата се собираат преку 3000 млади луѓе од овие простори и кои уживаат на нашите брендирани забави. За 4 дена за Вас организираме 6 брендирани журки (3 дневни на плажа и 3 ноќни во дискотека). Наша мисија и примарна цел е да Ви овозможиме патување на кое е се дозволено, на журките за Вас да споиме неспоивото и помериме границите на добриот провод, да ги креираме заедно моментите кои ќе ги прераскажувате на своите пријатели долго после Balkan FUN party патувањето.

ГРЦИЈА

Со тоа што го открила хаосот, драмата, трагедијата и демократијата, а најголемиот дел од нациите во тој период оделе на спиење со првиот самрак, Грција денес може да се пофали со непроценливо наследство. Земја со 1400 острови, со обала долга 15000км и со преку 10 милиони туристи годишно изобилува со понуда која привлекува се поголем број на туристи. Сепак не очекувајте да вашиот престој во Грција да ви биде само изучување на нејзината древна историја затоа што Грчката наклонетост кон добрата забава датира уште од Дионис. Грција претставува земја на преубави контрасти, патување низ облакот на легендите и митовите, остатоците на изчезнатите цивилизации и духот на старите градови ги прават овие простори неповторливи

Паралија

Е едно од најпосетуваните одморалишта во Грција, посебно популарно помеѓу младите. Се наоѓа на обалата на Егејското море, во подножјето на планината Олимп. Ова градче се наоѓа на 280 километри, односно на околу 4 саати возење од Скопје. Постојат многу плажи до кои можете да стигнете пешки или со велосипед кој може да се изнајми на цел ден. Обалата е долга 10 километри. Песокот на плажите е златножолт, а во должината на целата обала се наоѓаат кафичи, таверни и барови кои нудат освежување и грчки специјалитети.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • 3 ноќевања во одбраниот хотел, апартхотел или вила во 1/2, 1/3, 1/4, 1/5 и 1/6 соби и апартмани
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (AC/TV/DVD) на реалацијата според програмат
  • Пратител на групата во текот на патувањето,
  • Организација на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување од 220 денрари
  • Факултативни излети и Balkan Fun party алка
  • Индивидуални трошоци на патникот.
Програма за патувања

1.Ден: 28.04.2018 / Скопје-Паралија:

Тргнување од договорено место во утринските часови. Денско возење низ Македонија со попатни паузи за одмор, освежување и регулирање на граничните и царинските формалности. Пристигнување во Паралија во претпладневните часови и сместување во хотели/апартмани после 14 часот (за сите патници кои идат со сопствен превоз состанок на рецепција на хотелот после 16 часот). Слободно поподне за одмор, пошетка и запознавање со местото. Факултативно присуство на дневна (Welcome party) и ноќна (1st May Eve party) журка. Ноќевање.

2.Ден: 29.04.2018 / Паралија:

После утринското кафе факултативна посета и разглед на Солун со придружба на водич. Факултативно присуство на дневна (90th Party) и ноќна (Young & crazy party) журка. Ноќевање.

3.Ден: 30.04.2018 / Паралија:

Факултативно присуство на дневна (Graffit party) и ноќна (Elegance party) журка. Ноќевање.

4.Ден: 01.05.2018 / Паралија – Скопје:

Напуштање на собите. Ставање на коферите во автобус и слободно време за индивидуални активности и купување на сувенири. Тргнување за Скопје. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Пријава, плаќање и напомена

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 1000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.

Понуда на неделата