Амстердам | Велигден 2019

Амстердам | Велигден 2019

СместувањеТип на сместување24.04. - 01.05.
Hotel


1/4
1/3
1/2
219€
229€
239€

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-605Денови -7Часови -45Минути -13Секунди


Опис на дестинацијата и фотографии

АМСТЕРДАМ – град со карактеристичка холандска архиктетура, канали, бродчиња и мостови, град со боемски дух и неверојатна атмосфера. На прв поглед ќе имате впечаток дека во Амстердам времето е застанато во седумнаесетиот век, кој е познат по златниот период на холандската култура, но веќе на втор поглед ќе сватите зошто милиони млади сакаат во Амстердам “град во кој скоро се е дозволено”. Многу европски престолнини изобилуваат со историски знаменитости, но она по што е Амстердам е посебен е тоа што скоро секоја градба во центарот, во исто време е културен споменик и живеалиште. Амстердам во исто време е музеј на отворено, ризница на значајни објекти и споменик под отворено небо, но и модерна европска престолнина. Red light district и познатите “Coffe shop”, исто така не треба да се пропуштат, како од едни од атракциите на боемскиот Амстердам. Амстердам без сомневање ќе Ви ги исполни сите ваши очекувања: од уживање во преубавите, необични амстердамски пејзажи до одличниот шопинг, но и врвниот ноќен живот.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • 3 ноќевања со појадок во 1/2, 1/3 и 1/4 соби во Хотел во Амстердам
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување – 350 денари – плаќање во агенција
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци на патникот.
Програма за патувања

1.Ден: 24. Април 2019. / Скопје – Македонија – Србија – Унгарија –  Прага:

Состанок на групата, тргнување околу 14:00 часот. Денско и ноќно возење преку Србија, Унгарија, Чешка со кратки паузи заради одмор и освежување, како и заради регулирање на граничните формалности.

2.Ден: 25. Април 2019. / Прага – Амстердам:

Пристигнување во Прага во претпладневните часови. Разглед на градот во придружба на водич: Карловиот мост, народниот музеј, Вачлавскиот плоштад, пивница… Слободно време. Можност за факултативен излет –крстарење на Влтава. По обиколката, слободно време за прошетка и индивидуални активности. Тргнување за Амстердам во вечерните часови. Ноќно возење за Холандија со кратки попатни паузи…

3.Ден: 26. Април 2019. / Холандија – Амстердам:

Пристигнување во Амстердам во утринските часови. Слободно време за разглед на градот во придружба на водич: Leidseplein, плоштадот Dam, квартот на црвените фенери, Rijks музеј, Van Gogh музеј, каналите… Сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време и можност за посета на некој од познатите градски пабови.Ноќевање.

4.Ден: 27. Април 2019. / Амстердам – МИНИ ХОЛАНДСКА ТУРА (факултативно):

Појадок. По појадокот можност за тргнување на излет –Мини холандска тура(ветерници, кломпи, сирење). Посета на живописното селце Zaanse Schans – познат по ветерниците. Обиколка на едно од ветерниците. По разгледот тргнување до градчето Волендам – познат по работилниците за кломпи и сирења. Во касните попладневни часови враќање во хотел. Слободно време. Факултативен излет во некој од познатите градски клубови. Ноќевање.

5.Ден: 28. Април 2019. / Амстердам – ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ТУРА (факултативно):

Појадок. По појадокот тргннување на факултативен излет – Голема холандска тура (Хаг, Шевенинген, Ротердам). Посета на градот Хаг, каде се наоѓа седиштето на Парламентот на Кралството Холандија и палатат Мира (каде се наоѓа Хашкиот трибунал). После разгледот, тргнување до најголемото летувалиште во Холандија – Шевенинген. Прошетка по обалата на Северното море. Продолжуваме до Ротердам – центар на моќ и најголемото пристаниште на светот. Разлгед на градот: кулата Euromast, Kijkskubus (комплекс на станови во вид на криви коцки), Градската куќа, трговскиот дел на градот… Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Во попладневните часови враќање за Амстердам. Слободно време. Во вечерните часови факултативен излет во некој од популнарните клубови.Ноќевање.

6.Ден: 29. Април 2019. / Амстердам – Крстарење по Амстел (факултативно) – Виена:

Појадок. Напуштање на хотелот. Тргнување до центарот на Амстердам и можност за факултативен излет –крстарење по Амстел и каналите на Амстердам. Во текот на крстарењето по лавиринтите на амстердамските канали, ќе уживаме во глвните знаменитости на Амстердам и ќе го доживееме градот од неопишлива и невобичаена преспектива… После крстарењето, можност за посета на музејот на Хајнекен. Слободно време за индивдуални активности. Тргнување за Виена во вечерните часови. Ноќно возење преку Холандија, Германија, Австрија…

7.Ден: 30. Април 2019. / Виена – Австрија – Унгарија- Србија – Македонија:

Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Слободно време за разгледување проминентниот град на големите класици кој ќе ве поведе низ историјата преку своите најразновидни, барокни, класични сè до модерни градби: палатата  Belvedere, Karlsplatz, Ringstrasse,  плоштадот Maria Theresien Platz,  дворецот Hofburg, улицата Graben, катедралата St. Stephan, Burgtheater, виенскиот универзитет… Слободно време за индивидуални активности и вкусување на некој  традиционалeн австриски специјалитет.Тргнување за Скопје во вечерните часови. Ноќно возење преку Австрија, Унгарија, Србија со попатни паузи поради гранични формалности и одмор…

8.Ден: 01. Мај 2019. / Македонија – Скопје:

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Пријава, плаќање и напомена

Напомена:

  • Наведените цени од табелата се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН (СМЕСТУВАЊЕ и ПОЈАДОК, и ПРЕВОЗ) за тргнување од Скопје.
  • За патниците кои организизираат превоз во сопствена режија, наведените цени на аранжманот од табелата се намалува за 50 евра.
  • Програмата се реализира со минимум 40 патници.
  • Ве молиме пред да го склучите договотот за патување да се запознаете со програмата на патувањето, со општите услови за патување на Т.А Балкан Фан Македонија и со општите услови на меѓународното осигурување.
  • Сместувањето од оваа програма е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација во земјата во која престојуваме.

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 3000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.

Мини холандска тура

Тргнување на познатата– Мини холандска тура (ветерници, кломпи, сирење). Посета на живописното селце Zaanse Schans – познат по ветерниците. Разглед на една од ветерниците. По разгледот тргнување до градчето Волендам – познат по работилниците за кломпи и сирења. Запознајте ја Холандија на автентичен начин.

Голема холандска тура

Ве носиме на излет во Шевенинген, Хаг и Ротердам. “Холандија во мало” чека на вас. На овој излет ќе ви го откриеме и најпосетеното летувалиште на Северното море – Шевенингенската плажа, Палатата на мирот UN, Трибуналот, центарот на Хаг – главниот град на Холандија и седиштето на Меѓународниот суд за правда, и градот на модерната архитектура со најголемото пристаниште во светото – Ротердам!

Hangover in Amsterdam

Амстердам е познат и како град на младите и добриот провод. Со една реченица – градот на слободата. За вас спремивме 2 луди журки во различни дискотеки и пабови во Амстердам по неверојатна цена. Тргни со нас…

Heineken Experience

Прочуената пивница… Безброј соби со неверојатни анимации, пунктови за дегустација на пиво… Модерни документарни проекции кои ќе ве запознаат со историјата на најдобрата пивница во светот. Производството, дистибуцијата и маркетинг – коцептот на овај Холандски гигант. Ќе можете да го изгравирате и Вашето име на пивско шише.. Незаборавно доживување, кое не смеете да го пропуштите.

Крстарење по Влтава

Прага спаѓа во еден од најзачуваните градови во Европа, па затоа денес неговото пространо историско јадро е под заштита на UNESKO. Заради своето богатство градот е познат и под псевдонимот “Златната Прага”. Поголемиот дел од градот лежи по долината на реката Влтава, додека остатокот во долината на 9 мали притоки. Од левата страна во реката се вливат 5 притоки, а со десната 4. Реката Влтава спаѓа во симболите на градот и тешко може да се одвојите од нејзе. Дел од реката Влтава низ Прага долг е 30 километри. Вакво доживување не смеете да пропуштите.

Понуда на неделата