1.Ден-Петок (09.10.2020): Скопје –Бугарија – Турција:
Собир на групата во 15:00 часот на однапред договорено место. По проверката на сите протоколи е предвидено тргнување во 15:30. Следува ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи, царински формалности, презентација на програмата и информации од страна на водичот околу тоа што ги очекува патниците во текот на целата програма.
2.Ден – Сабота (10.10.2020)– Истанбул:
Предвидено е пристигнување на групата во Истанбул во претпладневните часови. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Сместување во соби. По сместувањето патниците добиваат слободно време за пауза, а по паузата и одморот остатокот од денот е предвиден за истражување на најголемиот град во Европа, градот на двата континета Инстанбул. Овој ден е предвиден да се направи посета на најпознатите места на овој град: Аја Софија – некогаш најголемата црква на светот (кој сака може да ја посети со доплата од 20 турски лири), Облакодерот Сафир – облакодер кој се наоѓа во деловната област Левент, ова е најголемата зграда во Турција, Капали Чаршија – најголемиот пазар во светот, Сината Џамија – една од најголемите џамии во светот. По завршувањето на пешачката тура (се прави со локален водич) можност за факултативна Посета на Топкапи палатата, Посета на Миниатурк и Посета на Сафир 4Д кула.
3.Ден – Недела (11.10.2020) – Истанбул:
Појадок. Слободно време или можност за факултативна посета на некои од најпознатите културно историски знаменитости преку кои ќе ја запознаете вистинската магичност на Истанбул. За Вас во овој ден ги спремивме следниве факултативни излети: ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТА – Посета на последното седиште на султанот.Палатата се наоѓа во областа Бешикташ. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година. Крстарење по Босфорот – помеѓу два континента (разглед на градот од Босфор: Златен Рог – најубавиот дел на Истанбул, Мостот Галата и Кулата Галата, Џамијата Селимиј, Долмабахче палатата, Бешикташ, Квартот Ортокој, Руменли хисар – познатата византиска тврдина, Кулата Једи, Девојачката кула…). Моминска (Девојачка) Кула – По крстарењето, групата се упатува кон Женската Кула позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мал остров кој се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата. Ускудар – Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Emmar Squere Mall – ова е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и претставува една од најатрактивните места кои треба да ги посетите. Ова е одлично места за луѓето кои се заљубени во шопингувањето, забавата и гастрономијата. Овој трговски центар годишно го посетуваат околу 25 милиони посетители. Во склоп на овој центар има аквариум во кој може да се видат преку 10.000 видови на морски суштества.Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен и го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.
Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај. На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки. По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.
4.Ден – Понеделник (12.10.2020)- Истанбул- Турција- Бугарија – Македонија:
Појадок во хотелот, одјавување и пакување во автобус. По напуштањето на Хотелот ни следи време за шопинг во еден од најдобриот трговски аутлет 212 во Истанбул. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал да го искуси турскиот шопинг?
Секако шопингот за крај е “најбитен” па затоа ќе Ви оставиме доволно време за да направите добар турски шопинг. Шопингувањето ќе трае до 16:00 часот. Предвидено е пристигнување во раните утрински часови.