10 најубави плажи на островот Иос

10 најубави плажи на островот Иос

Со повеќе од 35 плажи и уште толку заливи со златен песок и преубава тиркизна вода, убавините на овој остров само го издвојува Иос како еден од најубавите и најпривлечен острови од познатите Кикладски Архипелаг во Грција, и исто така Иос се смета дека е еден од островите со најубави плажи на Медитеранот. Поради сетоа ова, Иос многу пати и бил одбиран од страна на филмиски продукции, за да се снимаат многу Холивудски сцени тукму на тие плажи и заливи. Филмот “The Big Blue“ каде што на плажата Манганари се снимени голем број на сцени, потоа “Ginger and Cinnamon (Dillo con parole mie)” бил сниман токму на овој остров и тоа голем дел од сцените се снимани токму на плажите на островот Иос. Во близина на единствениот град Chora, веднаш до целото збиднување на овој остров, се наогаат две плажи, Кумбара и Милапотас, овие плажи се доста познати а и посетени од туристи кои доаѓаат да го посетат овој остров. Овие плажи се одвојуваат од останатите поради добрите барови и таверни кои се наоѓаат на самите плажи.

 

Милапотас

Една од најпознатите плажи на овој остров, и исто така има признание „Бело Знаме“ за кристално чистата вода и преубавиот посеок. Целата плажа е добро организирана, за туристите да имаат исполнет ден. Од водени спортови до прекрасни барови кои нудат предобра релаксирачка атмосфера. На оваа плажа се наоѓа и најдобриот бар, каде што секој ден има забави кои почнуваат од 15 часот а завршуваат во 23 часот.

Каламос

Веднаш до Папас плажата, на источната страна на Иос се наоѓа Каламос, долга песочна плажа со кристално чиста вода поради тоа ова место е доста популарно кај туристите кога сакаат да најдат тишина и мир за душа. Идеално место за љубителите на подвдниот свет.

Манганари

Исто така и оваа плажа е наградена со сино знаме, Манганари е плажа составена од 4 споени помали плажи кои заедно формираат преубава лагуна и поради тоа ја издвојува оваа плажа од сите останати. Место каде што можете буквално да ги наполните батеритте, имате можност да изнајмите кајат и да разгледате цела лагуна, или пак да го запознаете подводниот свет на овој дел од островот.

Чамокаде

Достапна само преку море, на оваа плажа можат да се забележат многу приватни имоти. Поради достапноста само преку море, оваа плажа е многу привлечна кај туристите баш поради ова, за секој да може да се препушти во убавините на плажата и во беспрекорниот мир.

Мансоу

Сместена помеѓу Пикри Неро и Чамокаде, Мансоу е исто така пријатно место каде што е привлечно за самите туристи поради рајот кој ке ве обземе веднаш што стапнете на оваа плажа.

Комбара

Тивка и мирна, плажата Комбара е идеална за бегство од лудите журки во Хора, и е место каде што можете да се релаксирате, уживајте во афтентичната традиционална храна во локалните тавернички и во најспектакуларното зајдисонце што се гледа токму од тука.

Папас

Скриен од буката и раздвиженоста овој прекрасен залив е скриен помеѓу зелената природа поради која е и привлечен овој залив за многу посетители.

Пикри Неро

Достапна само преку море, Пикри Неро е плажа која е привлечна за посетителите поради едниствениот пристап преку море и исто така поради белиот песок, кој е впечатлив само за оваа плажа.

Трис Клисис

Оваа преубава плажа веднас до Манганари е перфектно место за оние кои сакаат малку авантура. До оваа плажа за да стигнете ке треба малку да попешачите низ тесните диви патеки. Кога ке стигнете на самата плажа, ќе ве обземе прекрасното длабоко сино море.

Агиа Кириаки

Понуда на неделата